Промоција на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево

Tose_23A_320На 25-ти април, втор ден од Велигден, во 13 часот во родниот град Крушево ќе биде промовирана спомен куќата на најголемата македонска музичка легенда.

Објектот е со 870 метри квадратни површина и е во форма на крст. Изградена е од бетон и стакло според проектот на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. Во спомен куќата ќе има две восочни фигури од Тоше, едната во стоечка положба со микрофон во рака, додека втората во музичко студио како свири на клавир. Спомен куќата, во која целиот живот на Тоше ќе биде прикажан на едно место, ќе биде опремена со најсовремена техника. Покрај спомен куќата, на 25-ти април ќе биде промовирана нова необјавена песна од Тоше која ќе ја изведе Раде Шербеџија, а песната ќе го носи насловот Крушево. 

01a_press_tose_640

Најавувајќи ја промоцијата на музејот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција во Владата на Република Македонија соопшти детали за музејската постановка низ која ќе живее споменот за најголемата македонска музичка ѕвезда. Монументален по големина, еквивалентен на делото на Тоше Проески, Спомен-домот претставува  алузија на неговата животна филозофија. Целокупната композиција и опкружување на Спомен-куќата со својата материјализација  ја изразува  личноста на Тоше Проески и делата кои тој ни ги остави зад себе: крстот како симбол на неговата искрена верба во Бога, цврстината, едноставноста и долговечноста на бетонот како симбол на неговиот лик и дело,  стаклото како симбол на човековата минливост и ранливост и водата која ќе биде дел од пејсажната архитектура на овој проект, како симбол на чистината и животот со кој зрачеше нашиот Тоше, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

krusevo_gradba_20_640

Музејската поставка на Спомен куќата на Тоше Проески  обезбедува еден хронолошки  приказ на  неговото детство, на  тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера и истата е збогатена со 350 автентични експонати кои  се сопственост на семејството Проески.Во централниот дел од објектот се наоѓа молитвеник со сите верски предмети што ги поседуваше Тоше, како и неколку негови запишани размислувања или животни филозофии кои го водеа низ животот, а се поврзани со вербата, љубовта, семејството, пријателството.  Од другите предвидени содржини на поставката особено интересна е презентацијата на неговото студио во кое музицираше и компонираше и на дневната соба на Тоше од неговиот дом во Злокуќани.Неизоставен сегмент се и двете восочни фигури на Тоше во природна големина. Едната е во стоечка позиција - Тоше, со микрофон во рацете, во неговиот препознатлив став при пеењето, а другата е во неговото музичко студио - седнат на клавирот сам со своите мисли компонирајќи музика. Целиот објект е опремен со најсовремена техника и е илустриран со музиката на Тоше, заедно со предвидените визуелни ефекти преку ЛЦД-екрани на кои постојано ќе се емитуваат концертите и спотовите на нашата музичка легенда.  

spomen-kuka-tose_464_aСледејќи ги најновите технолошки достигнувања, покрај неколкуте инфо-точки со екрани осетливи на допир каде што ќе може да се добијат сите интересни информации поврзани со Тоше, ќе биде застапен и таканаречен систем за дигитален отпечаток кој претставува стаклено платно со димензии 2х2 м, осетливо на допир, на кое ќе се проектира соодветна интерактивна содржина и информација по желба на посетителот. Објектот содржи и кафетерија за посетителите,  која е поврзана со горното ниво преку тераса и повеќе висински платформи од кои се протега навистина убава  панорама на градот Крушево и Македониумот како и сувенирница неопходна за ваков тип објекти, во која ќе се продаваат реплики од предметите на Тоше. Еден од најефектните детали на Спомен-куќата е и илуминацијата со која ќе се нагласи визурата на објектот. Во вечерните часови целосно ќе може да се види и крстот како главен мотив на објектот и симбол  на Тоше како голем верник. Пејсажната архитектура на објектот  е разубавена и со зелена градина и хортикултурно уредување на просторот. 

Околината со амфитеатарот на објектот е наменета за одржување собири, но и за одмор и релаксација на посетителите. Тргнувајќи од желбите и навиките на обожавателите на Тоше, по целата должина на локацијата е предвиден и еден ѕид на кој секој посетител ќе може да остави порака или мисла за својот идол.  Во овој парк посебно место има  едно црешово дрво, кое е симбол на искреноста  која Тоше постојано ја бараше во луѓето.

Претседателот на Фондацијата „Тоше Проески“ Андреј Николоски на прес-конференцијата информираше дека  премиерно ќе биде изведена уште една необјавена  песна на Тоше - „Крушево“  која ја компонирал за својот роден град.  Текстот го напишал Мирослав Рус, а ќе ја изведе Шербеџија.Спомен-домот на Тоше Проески е национална установа со која ќе раководи Калиопи Бојчиновска. Таа рече дека Македонија е побогата за уште еден музеј. Уверена е дека тој многу ќе придонесе за културниот развој и туризмот на Крушево. 

- Од 25 април ние сме подготвени за сите почитувачи на ликот и делото на Тодор Проески, рече директораката на Спомен-домот на Тоше во Крушево.На отворањето на Спомен-домот се поканети голем број гости, обожаватели на Тоше, како и сите министри за култура од регионот, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Стефановски, Хорот „Св. Злата Мегленска“ и актерот Раде Шербеџија.



kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia