Соопштенија

ДПМ одбележа 65 години од основањето

image1_A_320Министерката за култура во ДПМ присуствуваше на врачувањето на наградите за најуспешни дела објавени во 2011 година 

Повеќе...

Поднесување на предлог-проекти од областа на културата во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2012-2013 година

До 20 февруари 2012 година заинтересираните национални институции, здруженија на граѓани и поединци можат да поднесат предлог-проекти до Министерството за култура за реализација на активности од областа на културата во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2012-2013 година.

Повеќе...

Реконструкција на галерискиот простор во МСУ

MSU4_340Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна посета на националната установа Музеј на современата уметност, каде пред медиумите го најави отпочнувањето на процесот на реконструкција и адаптација на галерискиот простор со површина од 1500 метри квадратни, сместен во горниот дел од установата.

Повеќе...

Признанија за македонско-полското културно пријателство

MPolsko_320Доделени медали „Заслужен за култура - глорија артис“ од министерот за култура и национално наследство на Република Полска за лица и институции особено истакнати во областа на уметничкото творештво

Повеќе...

Министерката за култура оствари работна средба со Неговото Кралско Височество Принцот Мајкл од Кент

Mavrovo_1_320Меѓу темите на разговор беа и можностите за унапредување на културниот туризам и промоција на Република Македонија како земја со богато културно и природно наследство


Повеќе...

Средба на премиерот Никола Груевски со министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска и со раководниот тим во Министерството за култура

01_PVRM_320Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, денеска (вторник, 24 јануари 2012 година) оствари средба со раководниот тим во Министерството за култура

Повеќе...

Кочани град на културата за 2012 година

Ве информираме дека општините Кочани, Крушево, Крива Паланка, Тетово, Струмица, општина Чаир, Ресен, Неготино и Битола годинава се пријавиja на конкурсот што го распиша Министерството за култура за организирање на манифестацијата „Град на културата“. По разгледувањето на пристигнатите пријави кои што ги задоволуваат критериумите, согласно конкурсот, стручна комисија одлучи, со разновидната програма што ја понуди, Кочани да биде општинaта - годинашен организатор на оваа значајна манифестација што се одржува по деветти пат. Оваа одлука беше објавена во Годишната програма за култура за 2012 година.

Повеќе...

„Неговите арии“ меморијален концерт за Тоше во МОБ

tose_koncert_340Денеска во Македонската опера и балет се одржа прес-конференција по повод утрешниот четврти по ред меморијален концерт во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески. 

На концертот кој годинава се одржува под мотото „Неговите арии“ публиката ќе има можност да ги слушне неговите најголеми поп-хитови, но во едно поинакво светло, во нов оркестарски аранжман и изведени од најголемите оперски пејачи од земјава и Балканот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет, а под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар.

Повеќе...

Годишна програма за остварување на националниот интерес во културата за 2012 година

Годишната Прогарама се донесува во согласност со Законот за културата, Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности на културата („Службен весник на РМ“ бр. 70/2011) и Правилникот за елементите што треба да бидат содржани во програмите и проектите од национален интерес во културата („Службен весник на РМ“ бр. 79/2000).Скопје, јануари 2012

Повеќе...

Повик за ангажирање на лица за работа на проекти

Министерството за култура има потреба од ангажирање на лица за работа на проектите:

Повеќе...