Прес Најави

Венециското биенале на уметноста

Република Македонија по деветти пат се претставува на Биеналето за уметноста во Венеција, чија тема годинава е „ИЛУМИнации“.

Повеќе...

Инфо-ден, во соработка со ККТ на Република Бугарија

Ве известуваме дека во организација на одделението Културно- контактна точка (ККТ) при Министерството за култура на Република Македонија на 30 мај 2011 година (понеделник ) во 11.30 часот во ЕУ Инфо-центарот во Скопје ќе се одржи Инфо-ден посветен на програмата „Култура 2007–2013“.

Повеќе...

Министерот за култура на Република Македонија во Струмица

Министерот за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа–Милевска, денеска (27.5.2011 година) во 17.30 часот во Струмица ќе го посети објектот на стариот театар во овој град, кој во 2001 година беше опожарен, а годинава, со обезбедени средства од буџетот на Министерството за култура, ќе биде реконструиран.

Во 19 часот и 30 минути, Канческа–Милевска, во НУ ЦК „Антон Панов“ ќе се обрати на свеченото отворање на седмото издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“, кој ќе се одржува до 31 мај во Струмица.

Промоцијата на книгата „Спомен-куќа на Мајка Тереза“

Книгата е во издание на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“.

Повеќе...

Регионална работилница по повод одбележување на Светскиот ден на културната разноликост

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (21.5.2011 година) во 11 часот во хотелот „Континентал“ ќе се обрати на свеченото отворање на меѓународната работилница „Новиот имиџ на Балканот“, во организација на „Разноликост“ - колекција за поезија, фикција и есеј на Меѓународниот ПЕН-центар, а поддржана од фондацијата „Фридрих Еберт“.

Одржувањето на регионалната работилница е во рамките на одбележувањето на 21 мај, Светскиот ден на културната разноликост.

Министерот за одбрана во Битола на министерката за култура Канческа-Милевска свечено ќе и врачи Одлука за доделување на четири објекти

Утре, 13 мај 2011 година во 11 часот во старата касарна „Стеван Наумов-Стив“ во Битола на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска свечено ќе и биде врачена Одлука со која на Министерството за култура му се доделуваат четири објекти во трајна вредност без надомест.  Одлуката ќе и ја врачи министерот за одбрана Зоран Коњановски.

Објектите кои досега беа во сопственост на Министерството за одбрана се во рамките на Споменичната целина Џепане и тие ќе и бидат отстапени на користење на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј –Битола.

Во музејот „Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, вечерва ќе биде затворена големата изложба „Ненадмината убавина – икони од Македонија“

Пред холандската јавност во последниве три месеци беше претставен дел од македонскотото културно наследство со исклучително значење. Оваа изложба беше прво комплексно претставување на македонското културно наследство во Холандија, досега најголемо по значење и по обем.

Повеќе...

13-ти Интернационален фестивал на монодрама, Битола 2011

Државниот секретар во Министерството за култура, г. Дарко Стефановски, денеска, 4 мај 2011 година, во 20 часот во Центарот за култура во Битола ќе се обрати на отворањето на 13-от Интернационален фестивал на монодрама,  Битола 2011.

Повеќе...

НУ Кинотека на Македонија, 35 години, чувар на аудиовизуелното богатство на Република Македонија

Утре (29.4.2011 година) во 11 часот во Кинотеката на Македонија свеченост по повод одбележувањето на 35. јубилеј

Повеќе...

Акварели во чест на Љубомир Белогаски

Галерија „Љубомир Белогаски“,  28. 4. 2011 година во 19.30 часот

Повеќе...

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia