Прес Најави

Прес конференција на министерот Асаф Адеми

Утре (5.07 2018), во 11 часот во Медиа центарот на Владата на Република Македонија, министерот за култура, Асаф Адеми ќе одржи прес-конференција. Министерот Адеми ќе ги презентира состојбите и започнатите процеси во културата, еден месец откако ја презеде функцијата министер за култура, а ќе ги претстави и своите визии и планови за натамошна работа што се во негова надлежност.

Одделение за односи со јавност
Министерство за култура


Pres konferenca e ministrit Asaf Ademi

Nesër (5 korrik 2018), në orën 11, në Media Qendrën e Qeverisë së Republikës së Maqedonisë, ministri i Kulturës, Asaf Ademi, do të mbajë konferencë shtypi.Në këtë konferencë ministri Ademi do të prezantojë gjendjen lidhur me proceset e filluara të kulturës – një muaj pasi e mori postin e ministrit të Kulturës, si dhe do të paraqes vizionin dhe planet e tij për punën e mëtejshme që janë në kompetencë të tij.

Zyra për marrëdhënie me publikun

Ministria e Kulturës


Министерот Адеми во посета на Албанскиот театар

Почитувани,

Ве информираме дека министерот за култура Асаф Адеми денеска (2 јули) во 13 часот ќе оствари работна посета на Албанскиот театар каде ќе се запознае со активностите за изградба на овој објект.Ве покануваме со свои екипи да го проследите настанот.

Ministri Ademi viziton Teatrin Shqiptar

Të nderuar,Ju informojmë se ministri i Kulturës, Asaf Ademi, sot (2 korrik) në orën 13 do të zhvillojë vizitë pune në Teatrin Shqiptar, ku do të njihet me aktivitetet për ndërtimin e këtij objekti.Ju ftojmë me ekipet e Juaja të ndiqni ngjarjen. 


Прес конференција за годинешното издание на Фолк - фест Валандово

На 9 мај 2018 (среда) со почеток во 12 часот во Клубот на пратеници во Скопје, ќе се одржи прес – конференција на која ќе се објават деталите за годинешното издание на Фолк - фест Валандово, кое ќе се одржи на 24 и 25 мај 2018 година.

На прес конференцијата ќе се обратат министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, советничката за култура на претседателот на Владата на Република Македонија, Цветанка Ласкова, градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и претседателот на Управниот одбор на Фестивалот, проф. Живоин Глишиќ.

Прес-конференција, објавување на Годишната програма и резултати од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018 година

Министерството за култура ја известува јавноста дека утре (сабота 10 февруари 2018), во 12 часот во Музејот на современа уметност- Скопје ќе одржи прес-конференција, на која ќе биде соопштена Годишната програма и резултатите од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018 година...

Повеќе...

Работна посета и прес - конференција на министерот Алаѓозовски во Охрид

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски утре (сабота, 16 декември 2017) ќе оствари работна посета на Охрид и на институциите од културата во овој град, а ќе се сретне и со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

За претставниците на медиумите е предвидена прес - конференција во ЦК „Григор Прличев“, со почеток во 11 часот.

Министерот Алаѓозовски ќе го претстави буџетот во културата за 2018 година

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес (13 декември 2017) на прес - конференција во Владата на РМ со почеток во 12 часот, ќе го претстави предлог-буџетот на Министерството за култура за 2018 година.  


Министерот Алаѓозовски во посета на „Танец“

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес во 11.30 часот ќе го посети НУ Ансамблот за наордни игри и песни на Македонија „Танец'...

Повеќе...

Отворена посета за медиумите на Македонската филхармонија

По повод утрешниот свечен почеток на концертната сезона на НУ Македонска филхармонија, утре (среда, 25 октомври 2017) во 11 часот се организира посета на новиот објект на Македонската филхармонија, кој целосно ќе биде отворен за фотографирање и снимање од страна на медиумите.

При посетата, в.д. директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески детално ќе ги информира медиумите за сите техничко - правни процедури што го следеа отворањето на новиот објект и кои доведоа до доцнење на почетокот на новата сезона. На посетата за медиумите на новата зграда на Филхармонијата ќе биде присутен и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia