Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре, 8 февруари 2012 година ќе оствари работна посета на националната установа Музеј на современата уметност.
Посетата е со цел најава на отпочнување на процесот на реконструкција и адаптација на галерискиот простор со површина од 1500 метри квадратни, сместен во горниот дел од установата.
Во 11 часот се предвидени изјави за медиумите.
