Прес-конфренција по повод меморијалниот хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре, 20.1.2012 во 11.00 часот во Македонската опера и балет ќе се обрати на прес-конференцијата по повод одржувањето на четвртиот меморијален хуманитарен концерт во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески.

На концертот  насловен „Неговите арии“, публиката ќе има можност да ги слушне најголемите поп-хитови на Тоше но во нов оркестарски аранжман и изведени од најголемите оперски пејачи од земјава и Балканот.