Посета на Вевчанскиот карневал

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре, 13.1.2012 во 14.30 часот во Вевчани ќе се обрати на отворањето на традиционалниот Вевчански карневал.

Една од најголемите културни манифестации во земјава,  Вевчанскиот карневал е посветен на Свети Василиј Велики- заштитникот на вевчанските василичари со кој воедно се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.