Ве информираме дека утре (24.12. 2011 година) министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе оствари работна посета на националните установи во областа на културата во Битола.
Канческа-Милевска ќе ги посети Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Музејот на албанската азбука, Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, Центарот за култура и Народниот театар Битола, а ќе оствари средба и со градоначалникот на општина Битола Владо Талески.
Предвидени се изјави за медиумите во 12 часот во просториите на општина Битола.
