Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре, 21 декември 2011 година, во 10, 30 часот ќе оствари посета на Домот за деца без родители „11 октомври” и на 160 дечиња од оваа установа, како и од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ и СОС Детското Село ќе им подари билети за новогодишниот концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, како и за претстави на Mакедонскиот народен театар и Театарот за деца и младинци.
Влезниците се однесуваат за претставата „Волшебната флејта“ на Театарот за деца и младинци, закажана за 29 декември, како и за претставата „Дедо Мраз од Марс“ која се прикажува во Универзална сала. Дел од дечињата ќе присутвуваат и утрешниот новогодишен концерт на „Танец“ во Македонската опера и балет.
На посетата ќе бидат присутни директорите на МНТ, Дејан Лилиќ „Танец“, Зоран Џорлев и на Театарот за деца и младинци, Дејан Довлев.
