Работна посета и прес - конференција на министерот Алаѓозовски во Охрид

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски утре (сабота, 16 декември 2017) ќе оствари работна посета на Охрид и на институциите од културата во овој град, а ќе се сретне и со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

За претставниците на медиумите е предвидена прес - конференција во ЦК „Григор Прличев“, со почеток во 11 часот.