Министерот Алаѓозовски утре на отворањето на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ќе присуствува утревечер на отворањето на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во текот на посетата, министерот Алаѓозовски ќе ги посети културните установи во Прилеп, а ќе оствари средби и со претставници на ансамблите поддржани од државата, како и со претставниците на независната културна сцена. Министерот ќе ја искористи оваа посета за одблиску да се запознае со состојбите во културата во овој град и регион.

Посетата ќе започне со оддавање почит на хероите од НОБ кај споменикот „Могила на непобедените“,  а освен тоа ќе се изврши увид и во состојбата на други објекти и обележја, кои се дел од културното и историското наследство на земјата.