Република Македонија домаќин на четвртата по ред светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог

Среда (02.11.2016 година) во Битола ...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (3 ноември) во Битола ќе се обрати на свеченото отворање на четвртата по ред светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог. Централна тема на конференцијата оваа година е „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“, едно особено актуелно прашање во контекст на  интензивната миграција која денес ја менува физиономијата на земјината топка.

На конференцијата  свои обраќања за различни аспекти на централната тема и останатите поттеми  ќе имаат г. Петар, митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски, потоа д-р Кирил Стојанов, Бискуп скопски и апостолски егзарх, Берта Романо-Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Македонија и многу други етаблирани експерти и истражувачи од Република Македонија. 


kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk