Обраќања

Обраќање на министерот за култура на финалната презентација на нацрт - стратегијата за развој во културата 2018-2022

Министерството за култура на Република Македонија во Музејот на современа уметност во Скопје одржа јавна презентација на нацрт - стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година и на нацрт - акцискиот план за 2018 година, на која присуствуваа околу 100 претставници на културните институции и установи, граѓанските организации од културата, видни уметници и културни работници. На присутните им се обрати министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски...

1_naslovna

Повеќе...

Обраќање на министерот Алаѓозовски на 50-годишнината од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Голема чест е да се присуствува и говори на еден ваков значаен јубилеј,  кога се одбележува половина век од постоењето на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Резултатите од таа педесетгодишна посветена работа се значајни за македонскиот народ, за неговиот идентитет и култура, а и за долгогодишната борба за македонската државност...  

50godini-seminar-mkd-jazik_17_dec_2017_naslovna

Повеќе...

Обраќање на министерот за култура на 73-годишнината на Националната установа Библиотека „Св.Климент Охридски“ - Скопје

Почитувани домаќини од Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, почитувани пратеници во Собранието на РМ, почитувани колеги министри и членови на Владата на РМ, драги гости и почитувачи на делото на Св.Климент; Голема чест е да се биде дел од оваа свеченост, со која одбележуваме 73 години од формирањето на една од најстарите и најзначајните наши културни и образовни установи, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, ден пред значајниот државен празник посветен на големиот сесловенски просветител, свети Климент...

pravopis1

Повеќе...

Обраќање на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на Конференцијата: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“

Обраќање на министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски на Конференцијата: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“, 13 ноември 2017 година, ЕУ - Инфоцентар во Скопје...

alagjozovski_kreativna_evropa_konferencija_13_noemvri_2017

Повеќе...

Обраќање на министерот за култура на 39-тото заседание на Генералната конференција на УНЕСКО

Обраќање на м-р Роберт Алаѓозовски, министер за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО – шеф на македонската делегација на 39-тото заседание на Генералната конференција на УНЕСКО (2.11.2017 год. – Париз)

alagjozovski_obrakjanje_unesco_2_nov_2017

Повеќе...

Обраќање на заменик-министерот Владимир Лазовски на прославата на 70 години Македонска опера

Почитувани славеници, почитувани гости; Ми претставува особено задоволство што можам во име на Владата на Република Македонија и Министерството за култура да ја поздравам оваа свеченост, која го надминува вечерашниот уметнички настан и се претвора во средба на генерациите, кои ја обележаа културната историја на македонскиот народ и нашата земја.


lazovski_mob_70_godini

Повеќе...

Обраќање на министерот Алаѓозовски на Форумот за нацрт – стратегијата за културен развој на Република Македонија (14 септември 2017)

Би сакал, на самиот почеток, да изразам искрена, а не само куртоазна благодарност до сите, кои се внесоа во овој значаен процес што треба да создаде инклузивни и современи  политики, пристапи, капацитети и можности за развој на културата и уметноста во нашата земја, како и до сите вас, коишто со своето присуство и активност, уште на самите почетоци на нашето заедничко патување, демонстрирате дека желбата да се достигнат овие цели е заедничка.

foto_forum_alagjozovski_2

Повеќе...

Обраќање на министерот Алаѓозовски на чествувањето на Денот на независноста кај Спомен-куќата на Блаже Конески во Небрегово

Оваа година, го прославуваме Денот на независноста и кај Спомен куќата на џинот од Небрегово, кој не задолжи со неговиот огромен придонес за македонскиот јазик и книжевност. Делото на Конески говори самото за себе, а можност за да дознаеме повеќе имаме секако денес, од нашите домаќини од Фондацијата „Небрегово“, наши истакнати научници, професори, писатели, негови современици, ученици и следбеници. Нашето присуство и овој настан тука денес не се случајни, ниту пак само симболички или протоколарни. Од ова место, родниот крај на еден од создателите на модерниот македонски јазик, токму на Денот на независноста, би сакал во име на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура да порачам дека јазикот, неговото зачувување, негување и унапредување како еден од столбовите на нашиот идентитет, е наш врвен приоритет.

Повеќе...

Обраќање на министерот Алаѓозовски на отворањето на Фестивалот „Денови на разноликоста“

Нема поприродно нешто од ваква прослава, за земја која и светот ја препознава како микс на различности од секаков вид и во која би можеле да организираме 365 денови на разноликоста, без опасност да повториме некои од нејзините аспекти. Сепак и во 21 век, и покрај таа наша природна состојба и богатство, дискриминацијата и нееднаквоста се, за жал, сè уште присутни во голема мера во нашето општество, во културата, образованието, вработувањето, како и во многу други аспекти од нашето секојдневие.

denovi_na_raznolikost_30_08_2017

Повеќе...

Обраќање на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на отворањето на 56-тото издание на Струшките вечери на поезијата

Почитувани,

На овој празник на поезијата и поетите, кои ни доаѓаат од целиот свет, веројатно најздодевниот дел се овие церемонијални говори. Затоа ќе се потрудам да одземам што помалку од скапоценото време што го одвоивме сите ние за да уживаме во магијата на 56тото издание на Струшките вечери на поезијата.

SVP_otvoranje_23_08_2017

Повеќе...

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia