Новости

Промоција на романот „Граница“ на академик Луан Старова

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне беше промовиран романот „Граница“ од академик Луан Старова. Романот „Граница“, кој е објавен од Издавачкиот центар „Три“ со поддршка на Министерството за култура, е шеснаесетта книга од неговата балканска сага...

starova

Повеќе...

Отворен нов културен центар во Автокоманда, за сите генерации скопјани

Синоќа во Општина Гази Баба, свечено беше отворен Културниот центар „Димитар Влахов“, во кој ќе бидат сместени културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање филмска музика на компанијата „Феимс“ од Франција...

avtokomanda_11

Повеќе...

Започна манифестацијата „Студентска музичка пролет“

Од вчера во Скопје, на Универзитетот ФОН и на Американ колеџ се одржува манифестацијата „Студентска музичка пролет“ која со различни содржини ќе се одвива до 27 април...

studentska_prolet

Манифестацијата започна со гудачкото дуо (виолина и виолончело) на „Пламенка Трајковска-камерен состав“, кое изведе четириесетминутна програма со најпознатите класични композиции. Потоа следуваше предавање на доц. д-р Мира Беќар од УКИМ, „Музиката, јазикот и субјективното искуство". Имаше студентска размена на книги и проекција на краткометражниот филм „Образец Б16“ на Иван Ивановски.
Следно на програма е концерт на „Sweet Rapscallions“, по што следи студентска дебата, „Музиката во современите општества“ каде гости се проф. Дарија Андовска (ФМУ), Мариглен Демири (ИОХН) и Дејан Петровиќ  (Sweet Rapscallions).

На третиот ден, програмата започна со предавањето на доц. д-р Ивана Трајаноска, „Класичната музика и современиот роман“. По предавањето, на трибината „Музиката и другите уметности“ студенти од Универзитетот ФОН, Универзитетот Американ колеџ - Скопје читаа својата поезија инспирирана од класичната музика и ги споделија нивните подвизи во креирање компјутерски игри со авторски приказни, авторска музика и анимација. Со свој диџеј сет настапи и Соња Исмаил. 

„Студентската музичка пролет“, е манифестација која е поддржана од Министерството за култура, и која продолжува на 18-ти април. На манифестацијата ќе има предавање и концерт на оперската солистка и професорка Весна Ѓиноска-Илкова. Програмски содржини има и на 19, 23 и 27 април, за кога се најавуваат концерт на „Шикачи“, предавања на Ивана Трајаноска и Мира Беќар, трибини и презентирање на студентските креации (проза, поезија, мултимедијални дела).

Кумановскиот театар гостува во Неготино

По повод Светскиот ден на театарот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“- Неготино, утре од 20 часот Кумановскиот театар ќе ја изведе урнебесната комедија „Бегај еве ја женати 2 -па не баш“, во режија на Коле Ангеловски...

Negotino

„Бегај еве ја жена ти 2- па не баш“ е типична комедија на ситуации градена врз текстуалната предлошка „Фатен во мрежa“(Caught in the Netн), на британскиот мајстор на комедијата Реј Куни.

Таа претставува продолжение на претставата „Бегај еве ја жена ти“ од 2004 година – најиграната комедија на кумановската сцена во последните две децении. Режисерот Ангеловски во својата адаптација, посегнува по англискиот хумор од текстот на Куни, давајќи му домашен шмек, локална географија и дијалект, и ткае возбудлива и современа приказна за луѓе од нашето секојдневие кои случајноста ги става во мноштво невозможни и урнебесни ситуации, со низа неочекувани пресврти.

Актерската екипа ја сочинуваат:Горан Илиќ, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Кети Дончевска-Илиќ, Александра Михајловска, Илија Струмениковски и Давид Илиќ.

Претходно на 26 март, по повод Денот на театарот, на сцената на Центарот за култура во Неготино гостуваше театарот при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци, со претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети во режија на Диме Коцевски.

Филхармонијата одбележува 100 години од раѓањето на Бернштајн

Утревечер, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Бернштајн 100“, со кој ќе се одбележи сто годишнината од раѓањето на еден од највлијателните американски композитори и диригенти, Леонард Бернштајн....

filharmonija

Под диригентство на врвниот маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе бидат изведени две дела од неговиот богат опус - симфониската свита „На брегот“ и Три танцови епизоди од мјузиклот „Од градот“.

Солист на концертот е еден од најголемите виртуози денес, германско-францускиот виолончелист Николас Алтштед, кој за првпат во Македонија ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар од англискиот композитор Вилијам Волтон.

Изложба „Обновување на сликарството на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново -ремек-дело на византиската уметност во Македонија“

Во Музејот на Град Скопје утре (28 март 2018) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Обновување на сликарството на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност во Македонија“...

inovo             

Во рамките на изложбата се претставени резултатите од проектот „Македонски фрески – Маско 360“, реализиран од Здружението „Македонида“ од Скопје во соработка со Факултетот за Христијанска археологија и византиска историја на уметност при Универзитетот во Гетинген, Германија, а со поддршка на германскиот институт Макс Планк и Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.

Фотографиите од светски познатите фрески во црквата во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност од 12 –от век се направени во пролетта 2016 година, период во којшто веќе беа започнати конзервторските работи во црквата  во Курбиново.
Pokana_za_izloba__Kurbinovo_600

На отворањето на изложбата ќе биде  прикажана и кратка видео презентација за резулатите од конзерваторскиот проект која е дел од една поширока кампања за валоризација и промоција на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново и нејзината конзервација.

Изложбата, која се реализира со поддршка на Министертсвото за култура на Република Македонија, по скопското претставување на 7 мај ќе биде претставена и во Минхен во просториите на престижниот Универзитет Лудвиг Маскимилијан, на Факултетот за византиски и современи грчки студии.

Изложба на дела од Лесновска колонија во Виница

Во Изложбениот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, утре (28.3.2018) во 12 часот ќе биде отворена изложбата на дела од 26. Лесновска ликовна колонија...

Likovna_kolonija_vinica

На изложбата ќе бидат изложени делата на 27 автори од Србија, Бугарија, Русија и од Македонија,  создадени од 26 јуни до 2 јули  2017 година, во амбиенталниот простор на Лесновскиот манастир. 

На колонијата досега учествувале бројни и познати ликовни уметници од земјата и странство, а на изложбата ќе бидат претставени дела од авторите Ѓоко Антониев, Кристина Стојчевска, Новица Трајковски, Тони Чатлевски, Васил Костов, Андријана Мациев, Марија Трпеска, Верче Николовска, Ристе Мицевски, Ивана Костадиновиќ, Елеонора Веселинова, Тамара Златенова, Кристина Јовановска, Даниела Никова, Емилија Нушевска, Силвана Богатинова, Бисер Кирилов, Пламена Мариова Димитрова и Олга Панкина.

Изложбата ќе биде отворена до 5 април.

Театарот од Неготино гостува во Кавадарци со „Ти спиеш, тебе ти се спие“

Утре (28 март 2018), со почеток од 19 часот, во салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, ќе гостува Театарот при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, со претставата „Ти спиеш, тебе ти се спие“... 

Ti_spies_tebe_ti_se_spie

Станува збор за комедија работена по текст на Жорж Фејдо, а во режија на Томе Атанасов. Настапуваат Антонио Станојковиќ, Ѓорѓи Ташулев, Стефан Димитрушев, Слободан Прочков, Ивана Јанева, Софија Цветановска и Јована Јанакиева.
pretstava

Влезниците за  „Ти спиеш, тебе ти се спие“, која се реализира со поддршка на Министерството за култура, ќе бидат во продажба на билетарата на Домот на културата два часа пред почетокот на  претставата.

Прва јавна расправа, едногласна поддршка за рестартирање на Музичката продукција на МРТ

Министерството за култура денес ja организираше првата јавна расправа за рестартирање и ревитализација на музичката продукција на Македонската радио-телевизија. На расправата присуствуваа автори и музички продуценти, композитори, претставници од музичките здруженија, од МРТВ, АВМУ и од МИОА, а се расправаше по иницијативата на музичките уметници Кире Костов, Будимка Имери, Љупчо Мирковски, Живојин Глишиќ и Славе Димитров. Сите присутни дадоа едногласна поддршка за идејата за ревитализација на музичката продукција на МРТ...

javna_rasprava_produkcija_mrt_26_mart_2018_foto_1

Повеќе...

Утре се одбележува Светскиот ден на театарот

Театарските институции во земјава утре, 27 март, со пригодна програма ќе го одбележат седумдесетгодишниот јубилеј на ИТИ (Интернационален театарски институт) и Светскиот ден на театарот.  По тој повод, пред почетокот на претставите ќе бидат прочитани фрагменти од пораките напишани од театарски творци од сите континенти, како и македонската порака напишана од актерот Сашко Коцев.

siljan-shtrkot-1

На големата сцена во Mакедонскиот народен театар утревечер, со почеток во 21 часот, ќе биде одиграна претставата „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. За сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, изведбата ќе може да ја гледаат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на претставата.

На малата сцена во МНТ, пак, вечер и утревечер од 19 часот премиерно ќе биде изведена  „Голем студ“ – дипломска претстава на студентите од Одделот за драмски актери во класата на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески на Факултетот за драмски уметности. „Голем студ“ е работена по сценариото на американскиот филм „The Big Chill“ од 1983 година на Лоренс Каздан и Барбара Бенедек.

ne_sega_draga_plakat

Светскиот ден на театарот, истовремено и шестиот роденден на Театарот Комедија, оваа национална установа ќе ги одбележи со премиерната изведба на претставата „Не сега, драга“ од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски.  Драматург на претставата е Дарко Јан Спасов, сценографијата ја изработи Илина Ангеловска, а костимите се дело на Раде Василев. Во претставата настапуваат актерите Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски–Тино, Ева Скендеровска, Дарко Вељиќ, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Жарко Димоски и Тања Мицков.

Во Драмскиот театар, пак, ќе биде изведена претставата „Лет над кукавичјoто гнездо“ од Дејл Васерман, според новелата на Кен Киси, во режија на Ристо Алексовски. Сценографијата и костимите во претставата се дело на Ѓорѓе Јовановиќ, а музиката е на Милан Димушевски. Настапуваат Сашо Тасевски, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Благој Чоревски, Диме Илиев и други.

По повод Светскиот ден на театарот, во Народниот театар во Штип ќе гостува претставата „Среќна Нова година“ на Турскиот театар од Скопје во режија на Бојан Трифуновски. Сценографијата е на Љупчо Јованов, костимографијата на Елена Вангеловска  и Антонија Гугинска-Јордановска, а музиката на Ади Имери. Улогите ги толкуваат: Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Зубејде Али, Емине Халил, Селпин Керим и други. Претставата ќе биде на турски јазик со титлуван превод на македонски јазик.

Во Театарот „Јордан Х.К.-Џинот” во Велес ќе биде изведена претставата „Кралските копилиња”, авторски проект на Сашо Димоски. Станува збор за праизведба на современиот драмски текст „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски, кој во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работен според посттројанскиот митски циклус сместен во кралската куќа Арг. Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Марија Стефановска, Фаик Мефаилоски и Маја Љутков. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и на плакатот е Адам Мартинакис.

Analfabet_Ohridski_teatar

На Светскиот ден на театарот, охриѓани во 20 часот ќе имаат можност да ја проследат комедијата „Аналфабет“ од Бранислав Нушиќ, со актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ Тодороска. Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески.

Народниот  театар во Битола вечер и утревечер ќе ја прикаже претставата „Смислата на животот“ од Идо Нетанјаху, во режија на Благој Мицевски. Драматург на претставата е Оливера Павловиќ, сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, а костимите и изборот на музиката се на Благој Мицевски. Настапуваат: Петар Горко, Васко Мавровски, Соња Михајлова, Сандра Грибовска, Борче Ѓаковски, Ангел Мицевски и Иван Јерчиќ.

Strumica_2

На големата сцена на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица  утре со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата  „Царот Владислав“ по текст на Борис Јанков, во режија на Бранко Ставрев, а во која учествува речиси целокупниот ансамбл на струмичкиот театар. Влезот е бесплатен.

Ljubovni_Pozi_na_ISTORIJATA_small_poster_file_1

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, по повод Светскиот ден на театарот, публиката ќе може да ја проследи претставата „Љубовни пози на историјата“ во режија на Наташа Поплавска. Автор на текстот е Горан Стефановски кому како инспирација му послужила книгата „Неморалната историја на Првата светска војна“ од Магнус Хиршфелд. Настапуваат Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Ангела Наумоска и Михајло Миленкоски.

Kumanovo

Театарот во Куманово, по повод Денот на театарот, ќе ја прикаже претставата  „Интрига и љубов“, по текст на Фридрих Шилер, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски. Учествуваат актерите Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Јордан Витанов, Антонио Димитриевски, Александра Пешевска и Мирослав Петковиќ.     Драматург на претставата е Зоран Зафировски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на  Андреј Ѓорѓиевски, а композитор е Марјан Неќак.  Влезот е слободен.

Тетовскиот театар утре во 20 часот пред публиката ќе ја изведе претставата „Волпоне“, една од најголемите и најпознати сатирични комедии во светската драматургија од  англискиот ренесансен автор Бен Џонсон, во режија на Сулејман Рушити. Во претставата учествуваат актерите Арсим Калеци, Сами Мустафа, Линда Шабани, Шкумбин Зеќири, Елмедина Амети, Хасим Мемиши, Арѓенд Асани, Берат Салиу, Елмир Сејфулаи и Арсим Калеци.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia