Новости

Спектакуларен концерт на Танец во Белград

Во преполнетата сала на Културниот центар „Влада Дивљан“ во Белград, Србија, Националниот ансамбл за игри и песни „Танец“ одржа свој целовечерен концерт, во рамките на Етно - самитот насловен како „Традиција Нова“.


tanec_beograd_20_okt_2017_foto_1

Повеќе...

Ди Александер, Марио Ром’с Интерзоун и Орландо Џулиус & Хелиоцентрикс вечерва на Скопскиот џез фестивал

Вечерва на програмата на Скопскиот џез фестивал три концерти: Во Македонската опера и балет ќе настапат популарната американска џез пејачка Ди Александер и возбудливото австриско трио Марио Ром’с Интерзоун, додека на полноќниот концерт во Дансинг - салата на Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапи познатиот нигериски саксофонист Орландо Џулиус со Хелиоцентрикс.

alexander_01

Повеќе...

Нов културен бран: Џез концерт на отворената сцена во Могила

Денеска во 13,30 часот на отворената сцена во Могила, како дел од програмата на Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, концерт ќе одржи џез-триотo на Сашо Поповски.

NKB_Jazz_fabrika_MKB_BT_Mogila_20_okt_2017

Повеќе...

Теракотните икони од Виница на светска изложба за религиите во Оксфорд

Во просторот на реномираниот Музеј Ашмолијан во Оксфорд, во присуство на бројни гости, неделава свечено беше отворена изложбата „Замислувајќи го божественото: Империи на религијата, уметноста и појавата на светските религии“, која обединува експонати пронајдени од Ирска до Индија, со заеднички именител - првите претставувања на Врховното божество во пет различни религии : христијанството, исламот, будизмот, јудаизмот и хиндуизмот.

oksford1

Повеќе...

Во Скопје отворена 148- та седница на Бордот на директори на Еуримаж

Денеска во Скопје, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја отвори 148-та Седница на Бордот на директори на најголемиот европски филмски фонд „Еуримаж“. Република Македонија е домаќин на оваа сесија на Генералното собрание на Еуримаж, кое се одржува од 16. до 20. октомври, во организација на Агенцијата за филм на Република Македонија.

eurimage_148_sednica_vo_Skopje_19_okt_2017_foto1

Повеќе...

„Танец“ со концерт на етно-самит во Белград

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни  „Танец“, од утре до 23 октомври, на покана на ансамблот „Коло“ од Србија, ќе гостува на манифестцијата „Етно самит-традиција нова“ во Белград, Република Србија.

tanec

Повеќе...

Вечерва почнува 36-тиот Скопски џез фестивал

Вечерва во Македонската опера и балет во Скопје се отвора 36-тото издание на Скопскиот џез фестивал, со концерт на Давид Хелбок трио од Австрија и на големиот ансамбл од Норвешка – Трондхејм џез-оркестра со Оле Мортен Ваган. Фесивалот ќе трае до недела, а во четирите вечери  ќе настапат врвни светски имиња од џез-музиката.

SJF_plakat_2017

Повеќе...

Нов културен бран: Концерт на сопранистката Арсовска и пијанистката Максимова вечерва во Велес

Во рамките на Манифестацијата „Нов културен бран“, вечерва во 19 часот, во Ликовниот салон во Велес, ќе се одржи концерт на популарни соло песни во изведба на сопранот Виолета Арсовска и пијано придружба на Марија Максимова.
nkb_koncert_klasika_veles_19_okt_2017

Повеќе...

Широк и конструктивен придонес на уметниците и културните работници на расправата за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022

Над сто и педесет претставници на националните и јавните институции и установи од културата, на професионални здруженија и граѓански организации, продуценти, издавачи, промотори и други субјекти од независната сцена, како и повеќе самостојни уметници учествуваа денеска на втората јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој во Република Македонија во периодот 2018-2022, што ја организираше Министерството за култура во Музејот на современа уметност во Скопје.

rasprava_strategija_18_okt_2017_foto_1

Повеќе...

Утре во МСУ јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022

Утре (18 октомври) од 10 часот во Музејот на современа уметност во Скопје, Министерството за култура на Република Македонија организира јавна расправа за нацрт – стратегијата за културен развој 2018 – 2022.
logo_-_MK1

Повеќе...

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia