Новости

13 Ноември, Ден на ослободувањето на Скопје: Длабока почит за борците и нивното дело

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, делегација на Министерството за култура на Република Македонија, предводена од заменик - министерот Владимир Лазовски, положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Македонија... 
zam_minister_lazovski_13_nov_2017_naslovna

Повеќе...

Креативна Европа, значаен механизам за градење на заеднички европски културен простор

Денеска во ЕУ Инфоцентарот во Скопје се одржа конференција на тема: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“. Министерот за култура на Република  Македонија, Роберт Алаѓозовски говореше на темата „Патот на Западен Балкан кон ЕУ: Културата има своја улога“, а обраќања имаа и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадорот Самуел Жбогар на темата „Зошто културата е важна за Европската унија?“, како и раководителот на Секторот за култура од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија, Карел Бартак...

alagjozovski_kreativna_evropa_konferencija_13_noemvri_2017

Повеќе...

Институтот за македонски јазик со Отворени денови и промоција на нови изданија

Отворените денови во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ почнуваат денеска, со промоција на три нови изданија. Централен настан  е дводневната меѓународна  научна конференција „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“ што ќе се одржи на 15 и 16 ноември...

institut_za_makedonski_jazik_01

Повеќе...

Видое Видичевски и Романецот Ѓеорѓе Добре, добитници на наградата „Книжевно жезло“

Наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности, годинава ја добија македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија, Ѓеорѓе Добре...
knizevno_zezlo2

Повеќе...

IN MEMORIAM: Почина писателот Есад Бајрам

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека во петокот (10 ноември 2017) во Охрид, во 83-та година од животот почина Есад Бајрам, истакнат писател и преведувач од турската националност во Македонија. Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани во Охрид...

esad_bajram2

Повеќе...

Нов културен бран: Викенд во Кочани со музички бендови и кратки филмови

Во рамките на Манифестацијата “Нов културен бран” што се реализира со поддршка на Министерството на култура, денес и утре во Центарот за култура во Кочани ќе се одржи комплексен културен настан насловен „Нов град“...

NKB_Nov_Grad_Kocani

Повеќе...

Нов културен бран: Есенски џез караван во Делчево

Со концерт на  младите, атрактивни и енергични музички состави Fierce и MusaIQ, вечерва од 20 часот во Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево започнува манифестацијата „Есенски џез караван“. Настанот е дел од Новиот културен бран, поддржан од Министерството за култура, а покрај во Делчево продолжува и во Пробиштип и Крушево.

Plakat_Delcevo_2

Повеќе...

Нов културен бран во Кочани: Детска работилница на тема „Каде е таткото во поезијата?“

„Каде е таткото во поезијата?“ е насловена детската поетска работилница, која ќе се одржи денеска во 13.30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Работилницата се реализира со поддршка на Министерството за култура преку Манифестацијата „Нов културен бран“, а во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани...

plakat_detska_rabotilnica_kochani_10_nov_2017

Повеќе...

Вечерва се отвора театарскиот фестивал „Отело“ во Гостивар

Вечерва од 19 часот во Центарот за култура во Гостивар се отвора Интернационалниот театарски фестивал „Отело“, во организација на истоименото здружение за култура и уметност од овој град. На фестивалот кој затвора в понеделник, ќе бидат изведени пет претстави од регионот. Отворањето е со Државниот театарот од  Драч, Албанија, кој ќе ја изведе претставата „Живот со тебе“...

otelo_fest_gostivar

Повеќе...

Јавни-расправи по предлог-стратегијата во културата 2018-2022 во повеќе градови во земјата

Министерството за култура на Република Македонија, во партнерство со граѓанските здруженија Култ-Транзен и Јадро, организира повеќе јавни расправи низ градовите во земјава по предлог-стратегијата во културата 2018-2022. „Култ-Транзен“ го реализира циклусот дебати со цел децентрализација на расправата по Стратегијата со поддршка од УСАИД- Проектот за граѓанско учество, а „Јадро“ за оваа цел се помогнати од Фондацијата Отворено општество Македонија.

foto_debata_strategija

Повеќе...

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia