Новости

Врвни солисти вечерва на Деновите на руската култура во Македонската филхармонија

Вечерва во Македонската филхармонија, во рамки на Деновите на руската култура во Република Македонија концерт ќе имаат големите музички имиња, Олга Артјугина - виолина, Рустен Хамидулин - виолончело и Василиса Бержанскаја – мецосопран. Руските солисти ќе настапат со камерен состав од музичари од Македонската филхармонија и од МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

denovi_ruska_kultura_koncert_MF_26_oktomvri_2017

Повеќе...

Нов културен бран во Неготино: „Инсталација во јавен (отворен) простор“ од Кире Ставров и Дарко Драгановски

Денес на градскиот плоштад во Неготино во 16:00часот ќе биде поставена „Инсталација во јавен (отворен) простор“  од авторите Кире Ставров и Дарко Драгановски, која се реализира со поддршка од Министерството за култура преку Манифестацијата „Нов културен бран“.

NKB_Negotino_Instalacija_26_oktomvri_2017

Повеќе...

Концерт на македонски автори во музејот „Борис Христов“ во Софија

Вечер на македонски автори ќе се одржи вечерва во концертната сала на музејот „Борис Христов“ во Софија. На концертот ќе бидат изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.


boris-hristov-sofia

Повеќе...

Женски градски носии од османлискиот период во Музеј на Македонија

Во Музеј на Македонија вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба „Женски носии од османлискиот период во Македонија“. Поставката го одразува културното богатство на османлиската цивилизација во Македонија, преку мал дел од градската женска облека што се носела во македонските градови во втората половина на 19тиот век и почетокот на 20тиот век, кога почнало влијанието на западноевропската мода.

zenska_obleka

Повеќе...

Оливер Мусовиќ со „Корумпирани пејзажи“ во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата

Вечерва (26 октомври 2017) во 20. часот во Мобилната/ Монтажната галерија на Центарот за современа уметност во Паркот на франкофонијата во Скопје, ќе се отвори самостојната изложба на Оливер Мусовиќ со наслов „Корумпирани пејзажи“.

Oliver_Musovik

Повеќе...

Македонската филхармонија целосно спремна за вечерашното отворање

Вечерва, Македонската филхармонија со солистот Дино Имери и диригентот маестро Борјан Цанев свечено ќе ја отвори новата сезона. Министерот за култура на РМ, Роберт Алаѓозовски и в.д директорот на Филхармонијата, Виктор Илиески денес го претставија новиот објект за медиумите и информираа за сите зафати кои беа спроведени за објектот да ги добие сите потребни дозволи за официјална употреба.

filharmonija_otvoranje_25_okt_2017_foto_1

Повеќе...

10 години Уметничка галерија во Тетово

Државниот секретар на Министерството за култура, Валмир Азири вчера присуствуваше на манифестацијата "10 години со галеријата на уметноста во Тетово“, со која се одбележа еднодецениското функционирање на овој репрезентативен галериски простор во градот под Шара.

aziri_10_godini_galerija_tetovo_24_okt_2017

Повеќе...

Нов културен бран: Изложба „Јазикот на ѕидот“ во Стариот амам во Тетово

Изложбата „Јазикот на ѕидот“ на Страхил Петровски и Ивона Тричковска, поддржана од Министерството за култура на РМ преку Манифестацијата „Нов културен бран“, ќе биде отворена утре во 19 часот, во Уметничката галерија во Тетово.

nkb_izlozba_star_amam_tetovo

Повеќе...

Изложба на Горјан Ѓорѓиев: Триесет години ликовно творештво

Во Културно-информативниот центар во Скопје е отворена изложба на дела од Горјан Ѓорѓиев, со која уметникот одбележува 30 години од неговото ликовно творештво.

georgiev_izlozba_kic

Повеќе...

Нов културен бран: Во 7 градови се одржува Недела на детски филмови

Oд денеска до крајот на месецов во седум градови низ Македонија ќе се одржи „Недела на детски филмови“, организирана од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ од Битола. Филмската недела за деца е проект поддржан од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

poster_nedela_na_detski_filmovi

Повеќе...

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia