Новости

Македонското културно наследство на меѓународен саем во Париз

Управата за заштита на културното наследство по трет пат го претставува домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој ќе се одржи од 2-ви до 5-ти ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз. Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид што се реализира по 23-ти пат ќе биде „Културното наследство и туризмот“.

logo_saem_kulturno_nasledstvo_paris

Повеќе...

Нов културен бран: „Теактер студио“ од Куманово со „Аудиенција“ од Хавел вечерва во Гевгелија

Неформалната група „Теактер студио“ од Куманово, во рамки на Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура ќе настапи во 19 часот вечерва во НУЦК „Македонија“ во Гевгелија со претставата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел.


audiencija-od-vaclav-havel-poster

Повеќе...

„Зеро“ - вечер на млади кореографи на Скопје танцов театар во МКЦ

„Скопје - танцов театар“ вечерва од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје организира вечер на млади кореографи, на која ќе ја прикаже претставата „Зеро“. Претставата е составена е од четири кореографии, од кои премиерно ќе биде изведена „Без стоп“ во режија на Матеа Киселичка, а на музика на Зек Хемси.

skopje-tanc-teatar-mkc_zero_31_okt_2017

Повеќе...

Пијано - рецитал на Ана Гацева во Прилеп

Денес од 17 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, пијано-рецитал ќе одржи истакнатата пијанистка Ана Гацева. На програмата на концертот поддржан од Министерството за култура на РМ има исклучителен избор на дела од Дебиси, Равел, Шуман, Сати и Гинастера. 

ana-gaceva-koncert_prilep-31okt_2017

Повеќе...

„Кавалерија рустикана“ за одбележување на 70 години Македонска опера

Утревечер, Македонската опера и балет одбележува 70 годишнината од своето формирање со премиера на „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, операта која била прва изведена на сцената на тогашниот МНТ, на 9-ти мај 1947 година. Диригент е Џанлука Мартиненги, а режисер е Џандоменико Вакари, гости од Италија.

Kavalerija

Повеќе...

Алаѓозовски на средби со дијаспората во Канада, се испитуваат можностите за отворање на Македонски културен центар

Во текот на посетата на Канада по повод одржувањето на Македонскиот филмски фестивал во Торонто, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, придружуван од шефот на кабинетот Тодорче Тасевски и директорот на Агенцијата за филм на РМ, Горјан Тозија, остварија редица средби со истакнати претставници на македонската заедница во Канада, на кои беше разговарано за унапредување на културната соработка и за промоција на македонската култура.


mak_delegacija_toronto_30_okt_2017_foto_1

Повеќе...

Нов културен бран во Кочани и Штип: Гостуваат претставите на „Артопија“

Како дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на Република Македонија, вечерва во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, од 20 часот ќе се игра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“, како дел од проектот „Театар во движење“на Здружението „Артопија“.
da_go_pozdravis_i_da_mi_go_bacis_artopija_foto_naslovna

Повеќе...

Министерот Алаѓозовски на 12 – тото издание на Македонскиот филмски фестивал во Канада

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски завчера го отвори свечено 12-тото издание на Македонскиот филмски фестивал, кое се одржа на 28 и 29 октомври во Carlton Cinemas во Торонто, Канада.

mak_film_fest_toronto_28_okt_2017_foto_1

Повеќе...

Нов културен бран: Поп ап АКТО акција денес и утре во Скопје

Фестивалот за современи уметности „Поп ап АКТО акција“, како дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, ќе се одржи денес и утре (27 и 28 октомври) во Скопје, во Кино Култура и во Железничка зграда.

NKB_akto_27_i_28_oktomvri_2017

Повеќе...

Графики на Славица Јанешлиева во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во Македонскиот културен центар во Њујорк, вечерва во 18 часот, ќе биде отворена графичката изложба со наслов „Впечатоци“ на Славица Јанешлиева, уметница со мултимедијален пристап, која по својата примарна вокација е графичар, со исклучителна дарба за визуелна нарација.

Slavica_Janeslieva-linorez-Tocak-2012_1

Повеќе...

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia