Новости

Архив Бужаровски го промовираше каталогот на дигитализирани мелограми на Васил Хаџиманов

Денеска на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во присуствов на министерот за култура Алаѓозовски, пратеници од Собранието на РМ, претставници на МАНУ, други институции и стручната јавност,  беше промовиран каталогот на дигитализираните мелограми од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ, Николче Витковски и Цветанчо Николоски под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски...
buzarovski_25_goodini_digitalizacija_na_melogrami_promocija_18_april_2018_foto_naslovna

Повеќе...

Денес се одбележува Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Националниот комитет на ИКОМОС денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, годинава на тема „Наследството за генерациите“. Овој меѓународен ден (18 април) го прославуваат 110-те национални комитети на ИКОМОС ширум светот ...

ikomos_logo

„Споделување и пренесување на искуството помеѓу генерациите е извонредно значаен чекор во културниот развој, кој од памтивека го карактеризира човештвото“ - нагласуваат од Националниот комитет на ИКОМОС (Меѓународен совет за споменици и локалитети).

Од Националниот комитет – ИКОМОС Македонија потенцираат дека денеска ќе биде   упатена  честитка по повод Меѓународниот ден до сите активни чинители во заштитата на културното наследство во Република Македонија. По тој повод, во текот на годината, ќе бидат организирани повеќе активности, меѓу кои и презентација за активностите на   комитетот за период 1995-2017 година, организирање на еднодневен Едукативен форум со пренос на искуство и знаење од постарата генерација на конзерваторскиот еснаф на помладата генерација, делегирање на млад експерт-член на македонскиот национален комитет во перманентната Работна група на млади   професионалци на Меѓународниот совет за споменици и места – ИКОМОС и друго.

EYCH2018_Logos_Lavender-EN-300

Од ИКОМОС Македонија нагласуваат дека сите нивни активности оваа година ќе бидат во контекст на одбележувањето на „2018 - годината на европското културно наследство“.

На 18 април 1982 година е одржан научен симпозиум организиран од Националниот комитет на ИКОМОС на Тунис и седница на Бирото на ИКОМОС во Хамамет, Тунис, и тогаш е сугерирано на тој датум – 18 април во иднина да се прославува диверзитетот на наследството низ целиот свет. Делегатите на Генералната конференција на УНЕСКО на својата пленарна седница ја усвоија таа идеја на ИКОМОС и ја преточија во Резолуција на 22-рата сесија во ноември 1983 година со препорака секоја земја членка на УНЕСКО да го одбележува 18 април како Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.

Изложба на карикатури и афоризми од „Струмица 2018“ во Куманово

Во изложбениот салон при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре, четврток 19 април во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од 19-от меѓународен Фестивал на афоризми и карикатури „Струмица 2018“...

Festival_na_karikaturi

Изложбата содржи 24 најуспешни карикатури работени во повеќе ликовни техники, а паралелно со нив ќе бидат промовирани и наградените афоризми интерпретирани од професионални актери.

Станува збор за традиционален интернационален фестивал којшто годинава се одржа по 19-ти пат. Фестивалот е составен дел на традиционалниот Струмички карневал и претставува културен бренд по којшто градот се промовира на меѓународен план.

Организатор и координатор на проектот е Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.

Претставување на македонската литература во Москва

На 19-ти април (четврток) во Москва, во Државната установа Московски дом на националностите, во рамките на проектот „Читај ја Македонија!”, во организација на Олга Панкина, а поддржан од Министерството за култура на РМ, ќе се одржи тркалезна маса на која ќе учествуваат писатели, преведувачи, истражувачи на литературата, издавачи, професори и студенти кои изучуваат словенски јазици.

Moskva_slika

Во рамки на програмата ќе се одржи разговор на тема „Книжевниот превод како мост меѓу културите“ а ќе биде презентиран и портрет на академик Милан Ѓурчинов, историчар на литературата, критичар и антологичар, познавач и толкувач на руската литература, по повод 90-годишнината од неговото раѓање.  

На манифестацијата ќе бидат претставени  и најновите преводи на руски јазик на дела од македонски писатели објавени од издавачките куќи Центар за книга „Рудомино“,„Центрполиграф”, „У Никитских ворот”, Институт за славистика на РАН, како и во списаниjата „Иностранаја литература”, „Сегашно време”, „Великорос”, „Пливачки мост”.

На 23 април пак, во Серуската државна библиотека за странска литература, во соработка со Центарот за словенски култури ќе се одржи Ден на македонската книга на руски, ќе биде отворена изложба на книги од македонските автори на македонски и на руски, а предвиден е и разговор со писателката Лидија Димковска.

Славната пијанистка Лисица со Филхармонијата во Скопје

Солист на Македонската филхармонија на утрешниот концерт е една од најпознатите пијанистки на класичната музика денес, импресивната Валентина Лисица од Украина/САД. На програмата оваа вечер е свитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а специјално  за македонската публика ќе го изведе прочуениот Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов. Диригент на концертот насловен „Атрактивната Лисица“ е маестро Габриел Бебешелеа од Романија ...

lisica

Славната пијанистка Валентина Лисица, која што ја опишуваат како првата  Јутјуб – ѕвезда на класичната музика и првиот класичен уметник кој својот успех на интернет го претвори во глобална концертна кариера низ Европа, САД, Јужна Америка и Азија.

Украинската уметница своето музичко образование го започнала во својот роден град Киев во Музичкото училиште за високоталентирани деца „Лисенко“, а го продолжила на тамошниот Конзерваториум. По имиграцијата во САД, заедно со нејзиниот сопруг почнале да настапуваат како пијано дуо, и тоа резултирало со неколку успеси на пијано-натпревари и со бројни концертни ангажмани. Нејзините неконвенционални настапи потоа се покажале како мошне впечатливи за публиката, а особено нејзините снимки на интернет кои достигнале милионска гледаност.

Нејзините концерти се распродаваат со месеци однапред, а така беше и со нејзиниот настап во „Аудиторио национал“ во Мадрид, каде што заедно со Шпанскиот национален оркестар ги отсвири, во една вечер, сите концерти за пијано и „Рапсодија на тема на Паганини“ од Рахмањинов.

Во 2011 година, таа дебитираше со Симфонискиот оркестар на Бразил и маестро Лорин Мазел, а настапува со престижни симфониски оркестри како што се Чикаго симфонијата, Радио-симфонискиот оркестар на Келн, Филхармонијата на Сеул, Сан Франциско симфонискиот оркестар, Лондонскиот симфониски оркестар, Би-Би-Си оркестарот, „Чајковски“ симфонискиот оркестар, симфониските оркестри на Прага, Хелсинки, Синсинати, Балтимор. Има ексклузивен договор за издавачката куќа „Дека“, по спектакуларниот настап во „Ројал Алберт хол“ пред 8.000 посетители, во 2012 година.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар „Трансилванија“ во Клуж-Напока, Романија.Има светска кариера, а моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.

„Албанска романса“, концерт вечерва во Тетово

Вечерва (вторник, 17.04.2018), со почеток од  19. часот, во Домот на Култура во Тетово ќе се одржи концерт со наслов „Албанска романса“, на кој ќе настапат  Нита Зенуни – сопран и Шкелзен Бафтиари – пијано, а програмата ќе биде збогатена и со истакнати гости...   

koncert_tetovo_albanska_romansa_17_april_2018

Повеќе...

Меѓународна изложба „Се што ни е заедничко“ во МСУ

Во Музејот на современа уметност, утревечер во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба насловена „Се што ни е заедничк)“(All that we have in common) ...

MSU_IZLOZBA

Ќе бидат исложени дела на едни од најистакнатите и најуспешни уметници на денешницата: Ахмет Огут од Турција, Марија Пападимитриу од Грција, Иштван Ист Хузјан од Словенија, Анри Сала (Албанија / Франција), Рената Пољак од Хрватска, Маја Бајевиќ, Ибро Хасановиќ и Шејла Камериќ од Босна и Херцеговина, Ана Адамовиќ и Билјана Џурџевиќ од Србија, Флака Халити и Албан Муја од Косово, Јане Чаловски, Христина Иваноска, Славица Јанешлиева, Ѓорѓе Јовановиќ, Жанета Вангели и Велимир Жерновски од Македонија.

Во рамките на изложбата чии куратори се Мира Гаќина и Јованка Попова ќе бидат претставени дела што даваат увид во ситуации на различни несигурни и расцепкани историски контексти, посочувајќи на можноста да се инволвираат во сегашноста, барајќи од нас ангажирано да ги преиспитаме сопствените знаења, искуства и ставови.

Инаку основната идеја на изложбата е создавање платформа за мрежно поврзување меѓу земјите во регионот и пошироко, со цел преку соработка на уметниците, галериите и институциите да се промовира  транс-граничната културна соработка.

Во Центарот за култура во Кочани изложба за Ана Франк

Во Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани, денеска ќе биде отворена изложбата посветена на Ана Франк. Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.

Plakat_za_izlozba

Изложбата е отворена во Македонија во рамките на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини. Изложбата за публиката во Кочани ќе биде достапна до 30 април.

Во Охрид настап на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  вечерва со  почеток во 20 часот концерт ќе одржи симболот на македонската култура, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Како предгрупа на ансамблот „Tанец“ ќе настапат и фоклорниот ансамбл „Бисери“, а специјален гостин на вечерта е музичкиот изведувач Сузана Спасовска ...

Tanec_vo_Ohrid

На програмата се значајни кореографии од нашето богато етнокореолошко наследство и тоа: Невестинско оро, Чифте Чамче, Лазаренки, Осоговка, Копачка, Шопска Петорка, Велигденско оро, Пирински блок, фрагменти од Тресеница и друго.

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Повеќе од шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство.

Министерството за култура и КПУ Затвор Скопје со мерки за развивање на културно – уметнички активности за осудениците

Денес во Казнено поправната установа  „Затвор Скопје“ во Шуто Оризари, директорот на оваа установа Ѓоко Котевски и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно - уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани. Мерките предвидуваат посета на културно - уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање на работилници и културно - уметнички настани во самата установа од осудениците и со гости уметници...

memoradum_kultura_kpu_skopje_alagjozovski_kotevski_16_april_2018_foto_naslovna

Повеќе...

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia