Министерот за култура Адеми присуствуваше на изложба на артефакти и на концерт во Истанбул

Во рамките на посетата на Република Турција, министерот Асаф Адеми синоќа присуствуваше на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје, која е организирана во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул ...

Minister_Turcija_3

Изложбата,  која е поставена во Културниот центар „Али Емири Ефенди" во Истанбул, е насловена „Скопски материјални и духовни проблесоци“ и содржи фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија.

Примарен мотив на изложбата е негата на културните врски и корелации меѓу граѓаните на Македонија и Турција, наедно и одбележување на 15-годишнината од збратимувањето на Скопје и Истанбул, како и интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата. 

Minister_Turcija_1

Во рамките на настанот, концерт одржа музичкото дуо „Скупи“, кој беше проследен со особен интерес од страна на присутните гости.

Владите на двете земји во изминатиот период потпишаа Договор за основање и активности на културните центри. Во согласност со Договорот, Република Македонија добива простор во зградата „Сејран“ која има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот Таксим.

Minister_Turcija_2

Република Турција го добива на привремено користење културното добро „Куршумли ан“, кое ќе биде и комплетно реставрирано. Отворањето на културно-информативните центри е една од низата активности чија цел е продлабочување на културните врски меѓу двете држави.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia