Средба на министерот за култура Асаф Адеми со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лорецо Сера

Министерот за култура Асаф Адеми денеска (9 октомври) во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лорецо Сера ...

Spanski_ambasador_3

На средбата соговорниците истакнаа дека Република Македонија  и Кралството Шпанија придаваат големо значење на  развојот на пријателските односи меѓу двете земји кои што се карактеризираат со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање.

Што се однесува на културната соработка меѓу Македонија и Шпанија, министерот Адеми нагласи дека е на солидно ниво,  со континуирано претставување на македонската и на шпанската култура во двете земји, истакнувајќи ја притоа и важноста од нејзино продлабочување преку поголема размена на експерти, уметници и проекти.

Spanski_ambasador_1

Тој  предложи и воспоставување директна соработка меѓу филхармониите на двете земји, што би резултирала со реализација на заеднички проекти и гостувања на оркестрите и на диригентите. Исто така, Адеми му предложи на амбасадорот Сера и воспоставување директна соработка меѓу Музејот на современата уметност од Скопје со некој од музеите во  Шпанија кои ја третираат современата уметност, како: Музејот на современата уметност од Барселона, Музејот за современата уметност „Естебан Висенте“ од Сеговиа, Институот за модерни уметности во Валенсија, „MACA-музејот за современа уметност“ во Аликанте.  

Амбасадорот Сера, пак, ја истакна поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија. Тој, исто така, ја пренесе и заинтересираноста на Министерството за култура на Кралството Шпанија за воспоставување интензивни културни врски, што би резултирало со поголема соработка меѓу установите од областа на културата, реализација на проекти и размена на уметници, а сѐ со цел поголема промоција на шпанската и на македонската култура во двете земји.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia