Министерот за култура Адеми на одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа свеченост по повод одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, 5 ноември. На свеченоста, пред присутните се обрати и министерот за култура Асаф Адеми ...

Den_na_romite_600_1

„Одбележувањето на овој ден претставува значаен чекор во зачувувањето, развојот и афирмацијата на ромскиот јазик. Тој претставува  неделив дел од идентитетот на ромската заедница, кој заедно со богатата култура  се составен дел и од историјата на земјите во регионот.

Во тој контекст сакам да истакнам дека една од заложбите на Министерството за култура е токму негувањето и унапредувањето на традицијата и културата на сите народи што живеат во Република Македонија, вклучително и ромската заедница, притоа создавајќи услови за зачувување на нивниот национален и културен идентитет“, истакна министерот за култура Адеми.

Den_na_romite_600_-2

Тој пред присутните ги истакна заложбите на Министерството за култура  за поддршка на сите активности и проекти во рамките на Годишната програма од национален интерес кои се поврзани со негувањето на културата на Ромите во Република Македонија.

Свои обраќања пред присутните имаа и Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, Арбер Адеми, министер за образование и наука, Самка Ибраимоски, пратеник во Собранието, како и Вељко Кајтази, пратеник во Собрание на Република Хрватска.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia