Во Гостивар отворено второто издание на Tеатaрскиот фестивал „Отело“

Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар присуствуваше и се обрати на отворањето на  второто издание на Интернационалниот театарски фестивал „Отело“ ...

Gostivar_nastan_3

Во своето обраќање Адеми истакна дека постоењето на Фестивалот, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура, отвора нови перспективи во развојот на театарската уметност не само во Гостивар туку и во збогатувањето на културниот простор во нашата земја.

Gostivar_nastan_2

Тој со присутните ја сподели и информацијата дека со одлука на Владата на Република Македонија, во Гостивар ќе биде основана нова национална установа „Гостиварски театар“, чие седиште ќе биде Центарот за култура. Адеми додаде дека со формирањето на новата установа, како една од неговите заложби при стапувањето на функцијата министер за култура, ќе се задоволи повеќедецениската потреба за професионално остварување на театарската уметност и презентација на богатото театарско творештво во овој град.

Gostivar_nastan_1

Инаку, во рамките на Фестивалот, кој има натпреварувачки карактер,  од 5 до 9 ноември на сцената на Центарот за култура „АСНОМ“  во Гостивар ќе бидат изведени пет претстави на албански јазик од театарски ансамбли од Македонија, Албанија и од Косово.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia