Министерот за култура Адеми присуствува на Саемот на книгата во Франкфурт

Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, од денеска (12 октомври) престојува во работна посета на Франкфурт, Сојузна Република Германија по повод претставувањето на нашата држава на Меѓународниот саем на книгата ...

Frankfurt_2

Оваа саемска манифестација која ужива репутација на најзначаен настан во книжевната сфера во европски и светски рамки е од исклучителна важност за промоцијата и афирмацијата на авторите од Република Македонија и нивното творештво, а истата отвора и можности за интензивна соработка на издавачкиот сектор од нашата земја со нивните колеги од целиот свет. На саемот на Франкфурт  секоја година се претставуваат повеќе од 7.000 издавачи од преку 100 земји од светот, а настанот има огромна медиумска покриеност со присуство на повеќе од 100.000 новинари и околу 300.000 посетители.

Оваа година, Министерството за култура за прв пат се јавува во функција на комесар на националното претставување.  Нашата држава на саемот во Франкфурт   е претставена со свој национален штанд на кој се изложени изданија од продукцијата на голем дел издавачи од државата, монографски изданија за Македонија, за културното наследство што го поседуваме како и преводи на странски јазици на делата кои се поддржани во рамките на Конкурсот за странски издавачи на Министерството за култура.

Frankfurt_3

Во рамките на Саемот на книгата во Франкфурт кој оваа 2018 година  се одржува во периодот од 11 до 14 октомври, министерот Адеми ќе присуствува на настанот со кој ќе се одбележи присуството на Република Македонија на оваа манифестација, на 13 октомври, а во богатата агенда за време на престојот, веќе денеска, во претпладневните часови, министерот ќе оствари средба со Тобијас Вос, директорот за меѓународна соработка на Саемот во Франкфурт и Јурген Бос генералниот директор на Саемот во Франкфурт. За наредните денови се предвидени и други средби со претставници на меѓународни фондации и книжевни манифестации во функција на што поефективно присуство и презентација на Република Македонија на европскиот книжевен пазар. 

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia