Објавени Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области

Врз основа на член 62 од Законот за културата, Министерството за култура во печатените весници „Независен весник“ и „Коха“ и на својата веб-страница ги објави Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области ...

Logo_novo_1

Министерството за култура, согласно приоритетите за 2019 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Македонија во повеќе дејности и области. Право на учество на конкурсите имаат правни лица и физички лица - државјани на Република Македонија.

Пријавите по дејности и области, кои се составен дел од конкурсите по дејности и области, се објавени на веб-страницата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk). Конкурсите траат од 29.9.2018 до 14.11.2018 година.

Резултатите од конкурсите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура, а објавените резултати ќе содржат информации за носителот на проектот, краток опис, период и локација на имплементација, побарана и доделена поддршка од страна на Министерството за култура.

На линкот може да ги подигнете конкурсите и соодветните пријави.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia