Милчо Манчевски го запозна министерот Адеми за стартот на филмот „Врба“

Режисерот Милчо Манчевски денеска го информираше министерот за култура Асаф Адеми за почетокот на снимањето на својот нов филм, „Врба“...
DSC_0837
Манчевски, на министерот Адеми му презентираше дел од снимениот материјал од првите сцени кои беа снимени во Прилепско Мариово во средината на август, како претснимање бидејќи беа потребни летни услови. Главното снимање на „Врба“ претстои во октомври кога ќе се снима на локации во Мариово и во Скопје.
Манчевски го информираше министерот Адеми дека неговиот шестти филм ќе биде реализиран до крајот на годинава, а дека премиерата ќе биде напролет следната година.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia