Средба Алаѓозовски – Валенса: Словото, единствен начин за решавање на демократските проблеми

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, престојува во работна посета во Гдањск, Република Полска, каде на покана на Европскиот центар за солидарност  учествува и е еден од главните излагачи на 6. Европски форум на тема „Европа – поглед кон иднината“, кој го организира Европскиот центар за солидарност и Градот Гдањск. Пред почетокот на конференцијата, тој денес оствари средба со легендарниот водач на Солидарност, нобеловец и поранешен претседател на Р.Полска, Лех Валенса, на која разговараа за актуелните состојби во Македонија и регионот и глобалните политички и демократски предизвици...

alagjozovski_valensa_30_maj_2018_foto_1


На маргините на конференцијата „Европа – поглед кон иднината“ која се одржува во Гдањск, министерот Алаѓозовски оствари средба со Лех Валенса, поранешен претседател на Република Полска и водач на демократските промени во оваа земја во 80тите и 90тите години.

Алаѓозовски го запозна со актуелната политичка ситуација во Македонија, демократските промени кои се случија пред една година и чеко0рите на новата влада во насока на консолидација на демократските процеси и враќање на земјата кон евроатланските интеграции. 

Валенса се интересираше за деталите околу решавањето на спорот со името и развојот на добрососедските односи.   Тој ги поздрави напорите на Република Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ и рече дека Европската унија мора да го обедини целиот европски регион, да развие дури и федеративни односи со САД доколку сака да ги преброди успешно предизвиците на глобализацијата.

Валенса истакна дека и Полска се соочува со демократски предизвици, но дека единствен начин за нивно надминување е преку „словото“. Ова е ера на словото, како единствен начин за решавање на демократските проблеми и дека секое владеење преку стравот од непријатели (стравот од комунизмот, соседите, Кина, Русија) е несоодветен, истакна поранешниот полски преседател.   

Министерот Алаѓозовски денес ќе оствари средба и со градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, по што ќе следува и негово излагање на овој значаен европски Форум.

alagjozovski_valensa_30_maj_2018_foto_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia