Изложба на стари фотографии на манифестацијата „Денови на Иљо 2018“

Денеска (16 мај) во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ на  традиционална меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо 2018“, која од 10 до 25 мај се одржува во Тетово, во 19 часот ќе биде отворена изложба на стари фотографии насловена „Културно-уметничкото живеење во Тетово (1922 - 1992)“ од Горан Ѓоровски ...

izlozba_stari_fotografii__Tetovo

Ќе бидат презентирани 70 фотографии преку кои посетителите ќе можат да се запознаат со културното живеење во Тетово во периодот 1922 - 1992.

Претходно, во рамките на манифестацијата, која е во организација на Здружението за култура и уметност „Иљо Антевски-Смок“ и чија цел е промоција и заштита на културно-уметничкото богатство на Република Македонија, посетителите можеа да проследат изложба на карикатури, поетска вечер, фестивал на афоризми, хумор и сатира и  тетовски хорски средби.

Во наредните денови, пак, следува реализацијата на меѓународен фолклорен фестивал, изложбата „Стара архитектура од Долни Полог - Тетовско“, театарска претстава и вечер на изворни староградски песни.

Генерален покровител на манифестацијата е Министерството за култура.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia