Промоција на два романa на Јагода Михајловска-Георгиева во Софија

Романите „Каменот од твојот ден“ и „Индиго Бомбај“ од реномираната македонска писателка и новинарка Јагода Михајловска-Георгиева вечерва ќе бидат претставени во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија ...

plakat_kic_Sofija_2

Романите се издадени на бугарски јазик од издавачката куќа „Персеј“ и со овој книжевен настан во Софија започнувапромоцијата на овие значајни дела и во други градови во Република Бугарија како Ловеч, Стара Загора и Хасково.

Јагода Михајловска-Георгиева е авторот на најдоброто прозно дело за 2017 година, според Друштвото на писателите на Македонија. Наградата „Стале Попов“ е уште една потврда за високите книжевни квалитети на нашата романсиерка, која е еден од најнаградуваните македонски автори, добитник на Рациновото признание и Роман на годината.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia