Денес во Кавадарци, меморијална манифестација „Пријателите за Ристо“

Во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, вечерва од 20 часот, по трет пат ќе се одржи Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“, посветена на еден од најголемите македонски и кавадаречки ликовни уметници Ристо Соколо- Сокол ...

Riki_za_mediumi_1

Во рамки на манифестацијата ќе бидат изложени ликовни дела на Ристо Соколов-Сокол, а за неговиот живот  и дело ќе говорат неговите соработници и пријатели. Настанот ќе биде заокружен со уметнички фотографии на Билјана Соколова-Тодоровска.

Ристо Соколов Сокол (16 април 1957 – 14 февруари 2015) е еден од доајените на средната генерација македонски ликовни уметници, графичар по вокација, врвен ликовен уметник, познат по бројните изложби во Македонија и странство, по ликовните, но и мултимедијалните перформанси во кои се даваше себеси и како човек и како уметник и кој соработуваше со најдобрите театарски, ликовни, фотографски, музички и литературни уметници од земјава.

Автор е на десетици тетарски сценографии, насловни страници на литературни дела и нивни илустратор, автор е на повеќе сценографии за рок фестивали, детски музички фестивали и рок, џез и поп концерти, а легендарни се неговите карневалски поставки и сценографии на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Соколов беше организатор и уметнички раководител на бројни квалитетни меѓународни ликовни колонии, член на ДЛУМ од дипломирањето, а беше и еден од основачите и долгогодишен претседател на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК).

Манифестацијата е во организација на Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ од Кавадарци, а со подршка на Министерството за култура на Република Македонија.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia