Советот на министри за култура на ЈИЕ ја усвои Декларацијата за зајакнување на регионалната соработка

На Четвртата конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (CoMoCoSEE) што се одржува во Сараево, БиХ, се усвои Декларација за зајакнување на регионалната соработка. Воедно, министерот Алаѓозовски пред своите колеги предложи подиректно вклучување на културата во Берлинскиот процес и формирање на структура за поддршка односно регионален фонд, по примерот на Нордискиот совет на министри, или Вишеградскиот фонд, што ќе овозможи постојана и стратешка поддршка, создавање на нови, подлабоки културни вредности, покомплексни нови уметнички и културни производи и подобар пробив на културните пазари.

alagjozovski_saraevo_komokosee_4_april_2018_foto_2

Во неговото обраќање на министерската конференција, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја изрази недвосмислената поддршка на Македонија за Декларацијата и цврстата заложба за унапредување и интензивирање на регионалната соработка. Тој посочи дека економскиот и технолошкиот развој на општествата секојдневно наметнува нови начини на дијалог/комуникација на културата со останатите сектори, за што министрите за култура имаат особена одговорност.  

„Ваквиот синхронизиран пристап на меѓународните организации и регионални иницијативи со националните стратегии и политики по однос на новите предизвици, со кои се соочува културата и културниот сектор, се од огромно значење за создавање на предуслови и услови, кои ќе овозможат  спроведување и одржливост на нови иницијативи и проекти со европски и универзални вредности. Повеќе од деценија, овие приоритети се интегрираа и во агендата на нашата заедничка регионална платформа, вклучувајќи ја Декларацијата која е тема на денешната средба“, истакна министерот Алаѓозовски во неговото обраќање на конференцијата.

alagjozovski_saraevo_komokosee_4_april_2018_foto_4_govor

Освен тоа, македонскиот министер за култура пред своите колеги од регионот предложи и нова иницијатива за вклучување на културата во Берлинскиот процес, како заедничка заложба на Советот на министри. Како што нагласи Алаѓозовски, земајќи ја предвид политиката на супсидијарност на ЕУ од една страна и комплексниот културно - историски и политички контекст на самиот регион врз кој се базира и потребата од што позабрзан процес на европски интеграции, вклучувањето на културата во овој процес ќе претставува сериозна поддршка не само за земјите од Западен Балкан, туку и на самата ЕУ во спроведување на нејзината политиката за проширување.

„Сметам дека сме одамна подготвени да создадеме организирана структура за поддршка, по примерот на Нордискиот совет на министри, или Вишеградскиот фонд, со цел на нашите институции, организации и оператори да им овозможиме постојана и стратешка поддршка, со што ќе доведеме до создавање на нови, подлабоки културни вредности меѓу нас, покомплексни нови уметнички и културни производи, подобар пробив на нашите културни пазари. Фонд, кој што би ги имал во своите линии на поддршка и културните и креативните сектори, и независните иницијативи и современите медиумски производи, како филмови, ТВ серии и емисии. Ние веќе сме дел од различни структури, коишто го опфаќаат регионот, како Традуки, Форумот на словенски култури, независната мрежа Кооператива, споменатата платформа 16+1. Дојдено е времето да овозможиме одржлив механизам, кој ќе придонесе за развој на мултилатералните соработнички проекти во регионот. Оваа иницијатива ќе биде успешна, само доколку ја добиеме поддршката од вас, земјите -членки на ЕУ во оваа регионална платформа, бидејќи во овој процес можат да ни помогнат оние кои се најблиску до нас и кои веќе го поминале патот кој ние го чекориме сега“, потенцираше Алаѓозовски.

alagjozovski_saraevo_komokosee_4_april_2018

Четвртиот состанок на оваа водечка регионална платформа за соработка во областа на културата се одржува во  Сараево, Босна и Херцеговина, која моментално претседава со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (CoMoCoSEE). Учествуваат делегации и министри од 11 земји – членки од регионот, а главна цел е зајакнување на регионалната соработка во областа на културата и развојот, зајакнување на културното наследство и креативноста како двигатели за одржлив развој и регионална интеграција.

alagjozovski_saraevo_komokosee_4_april_2018_foto_3

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia