75 години од холокаустот на македонските Евреи: Kомеморативни настани во Скопје, Битола и Штип

Денес, по повод 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, високи владини делегации присуствуваа на комеморативните настани во Скопје, Битола и Штип...

bitola2

Комеморативната програма продолжува вечерва во Македонската филхармонија со отворен концерт од 20:00 часот, како и утре (12. март) во Скопје со симболичниот „марш на живите“ и положување свежо цвеќе на споменикот на 7144 македонски Евреи кои биле депортирани од Империал Тобако ТКС (бивш Монопол) кон Треблинка. На ова место ќе се обратат претседателката на Еврејската заедница во Македонија, г-ѓа. Берта Романо Николиќ, Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев и Претседателот на Владата на Република Бугарија г. Бојко Борисов, по што ќе се упатат кон комеморативната седница во Собранието на Република Македонија.

bitola_holokaust_odbeleuvanje_11_mart_2018

Во Битола денес, владина делегација предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, во придружба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и државниот секретар од министерство за надворешни работи Виктор Димовски, се придружи на комеморативните настани по повод холокаустот на Евреите од Македонија, почнувајќи со положување свежо цвеќе пред споменикот на депортираните Eвреи од Битола и споменикот на народниот херој Естреја Овадија - Мара. Присутните продолжија со симболичниот „марш на живите“, молитвата на еврејските гробишта и отворањето на Ерусалимската патека, а подоцна владината делегација ќе присуствува и на отворањето на изложбата „Дипломати пр аведници помеѓу народите“ во Музејот на град Битола.

Во спомен на овој трагичен настан, владина делегација предводена од министерка задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, во придружба на заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и заменик министерот локална самоуправа Дејан Павлески, положија свежо цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната борба (НОБ) на градските гробишта Бутел во Скопје.

skopje_apostolska_holokaust

Владина делегација во состав министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар од министерството за здравство Владо Милошев присуствуваше на комеморативните настани во спомен на депортираните Евреи од Штип, и со останатите државни и локални делегации, после приемот кај градоначалникот на Штип, положија свежо цвеќе пред споменикoт на депортираните Евреи од овој град.

shtip3

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia