Театар Комедија и Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград со договор за соработка

Вчера (7 март 2017 година) во Благоевград, Р. Бугарија, беше потпишан Договор за меѓународна соработка помеѓу Националната установа „Театар Комедија“ – Скопје и Драмскиот театар  „Никола Вапцаров“ – Благоевград од Р. Бугарија...

komedija_vapcarov_blagoevgrad_dogovor_7_mart_2018_foto1

На средбата помеѓу директорите на двете установи, Сашо Ристовски и Александар Галперин, се формализираа заедничките заложби за унапредување на соработката помеѓу двата театри, со потпишување на Договор за меѓународна соработка.

Директорите на Театарот комедија од Скопје и Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград со нивните соработници договорија повеќе заеднички активности, меѓу кои и заемна размена, гостувања, учества на фестивали и соработка на нови проекти.

Заедничка цел на двете театарски куќи од Бугарија и Македонија е соработката помеѓу театарите и двете соседни држави да се продлабочува и понатаму.

komedija_vapcarov_blagoevgrad_dogovor_7_mart_2018_foto2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia