„Волпоне“, нова премиера на Тетовскиот театар

„Волпоне“ (Лисицата) е насловена годинашната прва премиера на Тетовскиот театар, која пред љубителите на театарската уметност ќе биде изведена утре со почеток во 19 часот, во Центарот за култура во Тетово.
Tetovo_teatar
Станува збор за една од најголемите и најпознати сатирични комедии во светската драматургија од  англискиот ренесансен автор Бен Џонсон, која иако напишана пред 400-тини години нема ништо изгубено од  својот брилијантен хумор и сатирична острина.  

Претставата  „Волпоне или Лисицата“ во адаптација на Стефан Цвајг ни ја доловува приказната за венецијанскиот богаташ Волпоне кој се преправа дека е на прагот на смртта,се со цел  да ги привлече и да ги измами бројните претенденти за неговото наследство кои пак, заради алчноста кон парите  постојано му угодуваат на неговите желби влегувајќи во една спирала без излез.

Во претставата во режија на Сулејман Рушити учествуваат актерите Арсим Калеци, Сами Мустафа, Линда Шабани, Шкумбин Зеќири, Елмедина Амети, Хасим Мемиши, Арѓенд Асани, Берат Салиу, Елмир Сејфулаи, Арсим Калеци.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia