Прва вонмузејска експо изложба за жената во Македонија

По повод меѓународниот ден на жената 8 Март денеска ќе биде презентирана првата вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија...

zenite-vo-makedonija

Ова експо, како што посочуваат организаторите, за прв пат, на едно место со голема синергија меѓусебе ќе ја прикажат жената во Македонија во вид на патување низ времето.

За време на свеченото отворање, македонската жена ќе биде претставена преку осум археолошки експонати насловени како „Праисториските дами од Македонија”, шест историски инфотабли каде е претставена „Жената борец за државност и самостојност”, како и пет експонати кои ја отсликуваат Македонската жена низ фолклорот.

Во рамките на отворањето, во живо Ансамблот Македонија ќе изведе музички перформанс.

Организатори на настанот се Скопје сити мол во соработка со Археолошкиот музеј, Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија.