„Женски приказни“ во Филхармонија за 8 Март

„Женски приказни“ е насловен концертот кој по повод Денот на жените,8 март, в четврток во 20 часот, ќе се одржи во Македонската филхармонија ...

DVE

Со оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапат две  млади, но искусни и мошне талентирани уметнички – солист ќе биде руско-германската пијанистка Олга Шепс, а оркестарот ќе го води младата диригентка Елена Митревска која своето образование го стекнала во Виена. Во Скопје таа ќе пристигне од Овиедо, каде што од 2016 е ангажирана како хор-мајстор во операта во овој шпански град.

На концертот на кој Митревска за прв пат ќе го води оркестарот на Македонската филхармонија, ќе бидат изведени  две експресивни дела од Бетовен – фантастичниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 и Увертирата „Леонора“ бр. 3. Македонската филхармонија на овој концерт ќе изведе  и колаж од двете свити од сценската музика „Арлезијанка“ од Жорж Бизе“.