Во велешката библиотека промовирани нови седум книги на Брајово писмо

Во просториите на Библиотеката „Гоце Делчев“ од Велес,  во соработка со Здружението на слепи на Општина Велес се одржа промоција на нови седум книги од македонски автори отпечатени на Брајово писмо...

Veles_biblioteka

Станува збор за книгите „Силјан штркот“ од Марко Цепенков, „Избор“ од Јоаким Крчоски, „ММ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, „Така било пишано“ од Сашко Насев, „Млади синови“ од Васил Иљоски, „Антица“ од Ристо Крле и „Грев или шприцер“ од Сашко Насев. Воедно направени се и четири реизданија на веќе објавени книги, меѓу кои и антологиската „Бели мугри“ од Кочо Рацин. Со овие седум наслови библиотеката во својата колекција на книги отпечатени на Брајово писмо има вкупно 34 наслови.

Првите книги на Брајово писмо во Македонија се отпечатени во 1996 години во Велес, а освен НУБ „Климент Охридски“ од Скопје, велешката е прва библиотека во земјава која има Брајово катче во кое можат да се позајмат книги на Брајово писмо наменето за слепите читатели.