Изложба на Христо Петрески во Куманово

Вечерва во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена изложбата на слики со наслов “Пишување со бои: стихови, соништа, слики“ од авторот Христо Петрески...


hristo_petreski_kumanovo1

Се работи за 25 дела од поновиот опус на Петрески којшто за првпат ќе биде презентиран пред кумановската публика.

Проф. д-р Христо Петрески е писател кој се занимава интензивно со сликарство од 2012 година. Досега има повеќе од петнаесет самостојни изложби во земјава и странство. Беше учесник на Мултимедијалната колонија Битола и на меѓународните ликовни колонии во Пелинце (Македонија) и Врањска бања (Србија). Пишува ликовна критика и автор е на книгата “Ликовната уметност е она што (не) се гледа“.
Христо Петрески (1957) е еден меѓу познатите македонски поети и писатели (наклонет кон експеримент) кој сака да се изрази и на ликовен начин. Тој, меѓу 2013 и 2017 година, употребувајќи акрилни бои изработи повеќе сликовни претстави на одбрани теми предадени експресивно и на симболичен начин. Таков впечаток се добива разгледувајќи ги предметните мотиви на женски ликови, потоа риби (кои добиле женски ликови), петли, музичари, желки, жаби.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 21 февруари.