Отворен Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје од НОВ

Со постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ денеска беше отворен Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944). Станува збор за повторното отворање на Меморијалниот музеј со нова, изменета и надополнета поставка на целосно реновираната прва партизанска оружарница во Скопје, која во 1981 година била пренаменета во музеј ...
muzej_na_ilegalno_oruzje
Во рамките на поставката  се  изложени  околу деведесет предмети од скопските илегални работилници, како и предмети од времето на Втората светска војна, кои се дел од фондот на Музеј на град Скопје.
Со обновувањето на Меморијалниот музеј, историјата на антифашистичко Скопје, на партизаните, на диверзантските групи, на првиот скопски партизански одред, повторно стануваат  дел од градските културни политики, одбележувања и други содржини. Овој Музеј кој се наоѓа на левата страна на Кејот на Вардар, зад Археолошкиот музеј ќе биде уште една точка во туристичката мапа на Скопје, најавуваат градските власти.
Отворање на Музејот симболично се случува на ден кога пред точно 75 години, по долго физичко измачување во Обласната полициска управа во Скопје и без судски процес, биле убиени народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев.
Автор на новата изменета и надополнета поставка на Музејот е Зоја Богдановска, виш кустос историчар.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia