Традиционален Божиќен концерт на хорот Св. Злата Mегленска

__-_-Tine

Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“  по повод празникот Христовото раѓање-Божиќ, на 7 јануари (недела) со почеток во 19.30 часот, во Градската православна црква „Пресвета Богородица,  ќе  го  одржи традиционалниот  концерт  „Божик- слава“...

На концертот освен нашиот најпопуларен женски хор, како гости  ќе настапат и  мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија,  професионалниот мешан хор „Про арс“ од Скопје, а како солисти ќе настапат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.

Концертот „Божик-слава“  се реализира во соработка со Македонската православна црква, а е поддржан од Министерството за култура и градот Скопје.