Започнуваат програмите во Европските престолнини на културата-Леуварден и Валета

evropski_prestolnini

Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, од денеска ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018 година, а ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос ...

Програмата започнува во Леуварден на 26-ти и 27 јануари кога сите плоштади на градот ќе бидат поврзани со настани со танц, театар, музика и песна. Леуварден е административен центар на покраината Фризија во северна Холандија, која е најголема доколку се бројат и водните површини, и е единствена покраина во Холандија со свој јазик (западнофризиски). Има неколку острови кои со копното се поврзани со траектен сообраќај и четири национални паркови.

Во пресрет на преземањето на титулата, Музејот на Фризија на 15 октомври отвори изложба по повод сто години од смртта на Маргарета Зеле, попозната под псевдонимот Мата Хари, која била родена во Леуварден во 1876 година.

„Мата Хари - жената и митот“ е најголема кога било поставена изложба за холандската танчарка, куртизана и шпионка од Првата светска војна.

Програмата во вториот Европски град на културата, Валета, започнува со Неделата на отворањето од 14-21 јануари.Програмата со улични перформанси, изложби, фестивали, дигитални проекции и видеоарт ќе почне во главниот град но ќе продолжи низ цела Малта и нејзините острови.

Меѓу настаните од програмата на „Валета 2018“ е и музичкиот интернационален барокен фестивал, што ќе се одржува од 13-ти до 27 јануари, на барокни и историски локации во градот. Во Валета се наоѓаат голем број знаменити градби од 16 век и градот зрачи со уметнички стилови, како маниризам, барок, неокласицизам. Поради тоа наследство градот Валета е запишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Во 2019 година престолнини на европската култура ќе бидат италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, во 2020 Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска, а во 2021 титулата треба да ја делат три града - романскиот Темишвар, грчкиот Елефсина и српскиот Нови Сад.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia