Во Прилепскиот театар вечерва премиера на претставата „Клетници“

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Клетници“ според делото на Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски. Станува збор за обемен проект што го опфаќа целиот ансамбл на Прилепскиот театар, а вклучени се 40 актери...

plakat_klietnici

Автор на драмскиот текст на делото на Виктор Иго „Клетници“ е Горјан Милошевски, драматург е Владимир Ѓорѓијоски, костимите, сценографијата и дизајнот на светлото се на Јулијана Војкова Најман, а музиката на групата „Фолтин“.

– Најважните теми во животот се борбата за праведност, која е макотрпна и тешка, но и љубовта кон човештвото. Кога ова ќе се спои во една претстава станува многу комплицирано, а ретко кој се занимава со овие теми. Кога тоа ќе се спои со ансамблот на прилепскиот театар, се добива комплексно и безвременско уметничко дело, но и како историски настан. Темата се работи во вистинскиот момент, зашто сега живееме во време многу интересно и оптимистично. Споменувајќи ги претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаски круг со креда“, па сега и познатото и големо дело на Иго – „Клетници“, со ансамблот се обидуваме да ги промениме нештата во кои живееме, да испратиме сериозни пораки за суштинските вредности. Претставата трае три часа и мислам пак е малку да се кажат суштинските работи за смислата на животот, потенцира режисерот Мартин Кочовски.