Одбележана 73 – годишнината на Ансамблот за песни и ора „Бајрам Шабани“ од Куманово

Вчера во Куманово се одржа свеченост по повод одбележување на 73-тата годишнина од формирањето на Ансамблот за песни и ора „Бајрам Шабани“.  Присутните на свеченоста во име на Министерството за култура ги поздрави државниот секретар, Валмир Азири...

bajram_shabani_73_godini_27_dec_2017_foto_naslovna

Во својот говор на свеченоста, државниот секретар Азири ги поздрави присутните и им честиташе на членовите на Ансамблот за неуморната работа во текот на сите овие години.

Меѓу другото, тој ја обелодени веста дека Владата на Република Македонија ја одобри иницијативата на Министерството за култура за формирање на државен ансамбл за песни и ора на Албанците, чија цел е да се сочува и негува албанскиот фолклор и традиција во нашата земја. „Конечно една долгогодишна желба на Албанците во Македонија станува реалност“, истакна Азири.

Членовите на Ансамблот „Бајрам Шабани“ и повеќе истакнати гости изведоа пригодна свечена програма. 

bajram_shabani_73_godini_27_dec_2017_foto1

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia