„Скриншот“ - изложба на Дејан Божиновски во Куманово

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена самостојната ликовна изложба на академскиот уметник Дејан Божиновски...  

Foto_za_tekst_za_izlozba_na_Dejan____Bozinovski

Најновото, трето по ред ликовно претставување на Дејан Божиновски под наслов „Скриншот“ (Screenshot) опфаќа 15 дела од најновата продукција на уметникот, работени во комбинирана техника (акрил и масло на платно). 
Божиновски е роден во 1984 година во Куманово. Дипломирал во 2009 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Изложбата „Скриншот“,  која ќе биде отворена до 20 јануари наредната година, е дел од програмските активности на НУ Музеј - Куманово и е поддржана од Министерството за култура.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia