Во КИЦ прва самостојна изложба на Беган Деари

Во Јавната установа Културно-информативен центар – Скопје, во изложбениот салон „Империјал 2“, вечерва со почеток во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики од ликовниот уметник Беган Деари...

izlozba_na_Began_Deari

Ова е прва самостојна изложба на Деари. Ќе бидат изложени слики работени во техника масло на платно, создадени во последнаве години. 

Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 15 јануари 2018 година.