Новогодишна џез бајка во Битолскиот театар

На сцената на Народниот театар во Битола вечерва (28 декември) со почеток во 20 часот ќе биде прикажан музичкиот проект насловен „Квинтет фрагмент“ или Новогодишна џез-бајка, со што ќе биде означен крајот на театарската сезона за оваа година...

jazz_bajka_koncert_bitola_28_dec_2017

За публиката ќе бидат изведени некои од најубавите новогодишни џез композиции кои ги пееле Дин Мартин, Френк Синатра, во аранжман на Давор Нечак. Вокал е Јасна Мажевска, а настапуваат Давор Нечак, Дарко Бошков, Стефан Тасевски, Марјан Павловски. 
Специјални гости се: Маја Андоновска Илијевски и Даниела Радевска (на виолончело). Влезниците се пуштени во продажба по цена од 150 денари.