„Полноќни огномети“ - новогодишен гала-концерт на Македонската филхармонија

Новогодишниот гала-концерт на Македонската филхармонија под наслов „Полноќни огномети“ ќе се одржи вечерва во голамата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20 часот. Националниот симфониски оркестар овој пат ќе понуди програма поинаква  од вообичаената...

novogodisna_filharmonija1

Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и дела од латино-американската музичка култура на автори како Пјацола и неговото „Адиос Нонино“, Монкајо со „Хуапанго“, Маркез со „Данцон бр.2“, Бизе со Арија на Ескамијо од операта „Кармен“, Пучини со aрија на Музета од операта „Боеми“, Гуно со aрија на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, Лара со „Гранада“ итн.

Под диригентство на славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел, публиката ќе ги слушне и неизбежните новогодишни музички остварувања валцерите „Пролетни звуци“, „Виенски бонбони“,„Виенска крв“, „На убавиот син Дунав“, или „Џокеј полка“, „Египетски марш“. Како солисти ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата - Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia