Концерт на Ансамблот за современа музика „Контемпора“

Во концертната сала на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, денес (недела 24 декември 2017) со почеток во 18 часот ќе се одржи концерт на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“...

Kontempora_vo_Skopje

На концертот ќе бидат изведени премиерно повеќе дела кои се наградени на конкурсите на Министерство за култура за новосоздадени дела во изминатите години. Ќе бидат изведени соло песните на композиторите Љубомир Бранѓолица, Дамјан Темков, Филип Иванов, Стојан Стојков и дела за соло пијано на Борис Светиев и Тодор Трајчевски.

Премиерниот концерт на „КонТемпора“ беше одржан во септември 2014 година во рамки на Генералното собрание на Европската асоцијација на композитори и сонграјтери во Скопје. Оттогаш, составот оствари турнеи во Холандија, Белгија, Австрија, Словенија, Албанија, Бугарија, Америка и имаше бројни концерти и настапи на речиси сите значајни фестивали низ Македонија.