Премиера на мјузиклот „Мама миа!“ вечерва во МНТ

Вечерва во 20 часот, ансамблот на МНТ премиерно ќе го изведе мјузиклот „Мама миа!“, копродукција со словенечката компанија „Проспот“, која ги има ексклузивните права за светски познатиот мјузикл во земјите од регионот...
mama_mia_proba1

Приказната е позната и филмувана во холивудска продукција, а зборува за тинејџерка во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров. Сторијата е раскажана преку хитовите на АББА (музика на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус), по текст на Кетрин Џонсон. 

Режисер е Наташа Поплавска, која пред две години во МНТ го постави мјузиклот „Чикаго“. Актерите во „Мама миа!“ ги пеат на македонски јазик песните на шведската група од 1970-тите и 1980-тите, освен евровизиската „Ватерло“ која се изведува во оригинал за крај на претставата. Препевот е на Тина Трпкоска. Кореограф е Олга Панго, а диригира Бисера Чадловска.

Во претставата се ангажирани околу стотина актери, уметници од другите сфери, сценски работници.

Главните ликови имаат алтернација, па настапуваат Нина Деан и Јана Стојановска во улогата на Софи Шеридан, Кире Ѓоревски и Висар Вишка во ликот на Сем и Никола Наковски и Петар Стојанов за улогата на Скај. Придружни вокали се корепетиторките од ФМУ Сара Николовска и Ана Костадиновска, кои ги подучувале актерите во пеењето, а во кореографијата асистент е Ирена Лозинска. Во кастот се и Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Владимир Јачев, Трајче Ѓоргиев, Арна Шијак, Тања Кочовска.

Следните изведби до Нова година се на 26, 28 и 29 декември, а во јануари има закажано уште три изведби на познатиот мјузикл.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia