Пијано рецитал на Арда Мустафаоглу

Во концертната сала на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, денес (сабота 23 декември) со почеток во 19:30 часот, пијанистот Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички рецитал. На програмата ќе бидат дела од Скарлати, Рахмањинов, Прокофјев и др...

arda

Петнаесетгодишниот Мустафаоглу е еден од најталентираните млади пијанисти од Македонија. Оваа година тој освои бројни награди на меѓународни пијано натпревари во Србија, Италија, Бугарија, Турција и Белгија, имаше настапи на концерти во Италија и Германија, солистички концерт во Штип и концерт со Македонската Филхармонија.

Рециталот е поддржан од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес за 2017 година. Влезот за посетителите е слободен.

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia